
„Бинго“ ја купи фабриката за сушен зеленчук, зачини и лековити билки „Семберка“ во Јања, за 613,5 илјади евра.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Бинго" ја купи фабриката за сушен зеленчук, зачини и лековити билки „Семберка" во Јања, за 613,5 илјади евра.
За купување на фабриката, која е во стечај, биле испратени три понуди, а како што истакнува стечајниот управник, Горан Марковиќ, најповолна била понудата на „Бинго".

Ќе се обидеме да ги вратиме сите работници на своите работни места и фабриката што поскоро да почне со преработка на зеленчук. Секако, планираме проширување на капацитетите, а ќе организираме и откуп на земјоделските производи. Целта е овој регион да почне да се развива што побрзо, изјави Татјана Пауноски, раководител на службата за маркетинг во „Бинго".
Таа истакна дека „Бинго" ќе настојува да ги исполни сите услови што се поставени во тендерот, меѓу кои и условот во наредните пет години да се задржи производството на фабриката.
Ја купивме и фабриката „Корн флипс" од Сребреник. Фабриката беше во стечај, а „Бинго", има поголем удел во сопствеништвото. Фабриката одлично работи и своите производи ги пласира во БИХ, а извезуваме и во државите од регионот, додаде Пауноски.
Трговецот има рок до 5 април да го уплати договорениот износ, а до 13 април ќе биде заклучен и договорот за купопродажба на фабриката.