
За 2018 година компанијата „Беохемија“ постави амбициозен, но остварлив план, кој вклучува остварување приход од 32 милиони евра, пораст од 12 отсто и обновување на соработката со големите и малите синџири во Србија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
За 2018 година компанијата „Беохемија" постави амбициозен, но остварлив план, кој вклучува остварување приход од 32 милиони евра, пораст од 12 отсто и обновување на соработката со големите и малите синџири во Србија.

Генералниот директор на компанијата Маја Чечавац, најави и влез во премиум сегментот на прашести и течни детергенти на сите пазари. Таа истакна дека досегашните остварени резултати се должат на вложување од новото раководство во износ од 5,3 милиони евра, како и на задржувањето на сите вработени.
Минатата година „Беохемија" излезе од стечај благодарение на преземањето од компанијата „Престон". Оваа компанија, во јуни 2017 година, во одвоени целини ги купуваше „Беохемија" и „Беохемија-Инхем", за во октомври да ги спои сите фирми под едно име - „Беохемија".
По оваа трансакција, раководството кон крајот на минатата година објави дека од јуни компанијата бележи пораст на приходите од продажбата за 32 отсто. Значителен успех е постигнат благодарение на зголемувањето на производството за 47 отсто во категоријата прашести и течни производи за домашна хигиена.
Како што најави Чечавац, во првиот квартал од годинава, планираат влез во премиум сегментот со прашестите и течните детергенти, како и проширување на постоечкото портфолио со воведување на нови мирисни ноти.
Ова се навистина големи цели, но и нашите моментални производствени капацитети, кои изнесуваат 100.000 тони прашести детергенти и 55 милиони литри течни детергенти, се доволни да ги исполнат плановите за тековната година. Дополнително, во план е и обновување на соработката со купувачите во сегментот на приватни трговски марки, кој во моментов зазема значителен пазарен удел, објасни Чечавац.
Во поглед на извозот на производите, засега тие се пласираат во Словенија, Хрватска, БИХ, Црна Гора, Македонија, Албанија, Ерменија и Шведска. Од компанијата се заинтересирани за влез во Русија, Белорусија, Казахстан, како и во Африка.