
Поради подобрувањето на продажбата во првиот квартал годинава, „Атлантик група“ забележа значително зголемување на профитабилноста.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Благодарение на подобрувањето на продажбата во првиот квартал годинава, „Атлантик група" забележа значително зголемување на профитабилноста.

Според соопштението на компанијата, добивката пред камати, даноци и амортизација (ЕБИТДА) изнесувала 14,6 милиони евра, што е зголемување од 4,8 проценти во однос на истиот период од 2016 година, додека нето-добивката по малцинските интереси се зголемила за 15,4 отсто, на 7 милиони евра. Вкупниот приход од продажба во износ од 150,1 милиони евра, во однос на истиот период од минатата година, се намалил за 2,9 отсто, првенствено поради престанокот на соработката со најголемиот купувач на приватна трговска марка од спортската и активна исхрана. Од „Атлантик група" наведуваат дека доколку се одземе тој ефект, приходите од продажбата во првиот квартал се зголемиле за 1,5 проценти.
Емил Тедески, претседател на управата на „Атлантик група" вели дека во првиот квартал од 2017 година, компанијата остварила одлични продажни резултати во повеќе деловни сегменти и на повеќе пазари, како и подобрување на профитабилноста и намалување на долгот. Доколку се исклучи ефектот од контролираното намалување на обемот на соработка со членовите на „Агрокор", најголемиот поединечен купувач на „Атлантик група", поради настанатите проблеми со ликвидноста и неможноста да ги исполнат обврските кон нас, објавениот пораст би бил значително повисок. Процесот на преструктурирање на „Агрокор" дава надеж дека во наредните месеци ќе се стабилизира работењето на групацијата, со што соработката ќе се врати на нивото пред кризата и ќе се постигнат услови за подобри резултати во следниот период, изјави тој.
Во соопштението се наведува дека со зголемувањето на продажбата преку другите купувачи во првиот квартал, „Атлантик група" успеала да го надомести падот на приходите од најголемиот регионален малопродажен синџир, па на сите регионални пазари, остварила приход како во истиот период од минатата година.
На вкупниот пораст на продажбата во првиот квартал најмногу влијаеле стратешките бизнис-области: деликатесни намази (9 отсто), здравје и нега (7,2 отсто), слатко и солено (2,4 отсто), кафе (1,4 отсто) и пијалаци (0,3 отсто). Пораст забележале и стратешките дистрибутивни области Србија (2,4 отсто) и Хрватска (2,3 отсто). Кафето со удел во вкупната продажба од 19,1 отсто е најголемата поединечна категорија со приходи од продажба во износ од 28,8 милиони евра.
По пазари, најголем пораст од 6,3 отсто бил остварен на пазарот на Русија и на другите земји од ЗНД (4,6 отсто од вкупните приходи), како и на пазарот БИХ, кој се зголемил за 5,9 отсто (8,2 отсто од вкупните приходи). На хрватскиот пазар, кој поединечно е најголем со удел од 28,8 отсто, бил забележан пораст од 5,2 отсто, додека на вториот по големина – српскиот пазар, кој во вкупниот приход учествува со 22,4 отсто, порастот изнесувал 2,5 отсто.
Брендовите на „Атлантик група" учествувале во продажбата со 66,3 отсто, дистрибуцијата на производи од принципалите со 21,2 отсто, фармацевтскиот синџир со 8,3 отсто, додека производите што групацијата ги произведува како приватни трговски марки за големите трговци во земјата и во странство, учествувале со 4,3 отсто во вкупните приходи од продажба.