
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во Србија годишно се создаваат околу 3,18 милиони тони комунален отпад, додека во Хрватска количината изнесува приближно 1,7 милиони тони. Значителен дел отпаѓа на биоразградливи материјали, меѓу кои се и вишоците и отпадот од храна.
Дел од вишоците сè уште се безбедни за човечка употреба и можат да бидат донирани, додека преостанатиот отпад може да се искористи за производство на енергија. Токму тоа е целта на новиот прекуграничен проект „Waste and Food Residues to Alternative Value for Energy – WAVE“.
Проектот го спроведува „НАЛЕД“ во партнерство со градот Шабац и организацијата „Фјучр системс хаб“ од Србија, како и со градот Оток и здружението „ЕУ Центар“ од Хрватска. Проектот е кофинансиран од Европската Унија во рамките на програмата Interreg VI-A Хрватска – Србија.
Она што ќе го направиме во рамките на проектот е целосно пилотирање на овој систем во градот Шабац и во градот Оток во Хрватска, со идеја да се создаде платформа која најпрво ќе се користи за донирање на вишоците храна, како прв чекор во спречувањето на создавањето отпад. Потоа ќе следува системско собирање на отпадот од земјоделството, HoReCa-секторот и населението. Имаме информации дека во Србија, преку измените на Законот за ДДВ, потенцијално ќе биде воведена долгоочекуваната промена со која за донациите на храна нема да се плаќа данок, што ќе ги стимулира и трговците и производителите да ги зголемат донациите за оние на кои им се најпотребни, изјави Слободан Крстовиќ, директор за одржлив развој во „НАЛЕД“.
Дигиталната платформа ќе биде наменета за земјоделски производители, дистрибутери на храна, хотели, ресторани и кетеринг-компании, хуманитарни организации, комунални претпријатија и локални самоуправи во Шабац и Оток.
Корисниците ќе можат да внесуваат податоци за очекуваните вишоци, видот и количината на храната и локацијата на која таа се наоѓа. Системот автоматски ќе ги поврзува со потенцијални купувачи, центри за донации или постројки што отпадот можат да го преработат во биогас.
Врз основа на податоците од производителите, платформата ќе создава и сезонски календар на расположливите вишоци, со цел купувачите и преработувачите подобро да ја планираат набавката. Малите производители ќе можат да ги обединат испораките и заеднички да организираат транспорт, со што би се намалиле логистичките трошоци.
Планирано е и едноставно дигитално место за продажба на земјоделски производи од втора класа, кои се исправни за употреба, но поради изгледот или други пазарни критериуми често остануваат непродадени.
На овој начин платформата треба да го опфати целиот пат на вишокот храна – од продажба и донирање, до одвоено собирање на храната што повеќе не е погодна за човечка исхрана и нејзино насочување кон производство на енергија.
Платформата ќе биде приспособена за мобилни телефони и достапна на српски и хрватски јазик. Граѓаните ќе можат да ги следат количините на собран отпад, неговото искористување за производство на обновлива енергија и придонесот во намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид.
Во Шабац е планирана и набавка на специјално возило за собирање биомаса. Собраниот биоотпад ќе се транспортира до постојна постројка за пастеризација и ферментација, каде што ќе се користи за производство на биогас.
Во Оток, комуналното претпријатие ќе организира одвоено собирање на отпадот, а предвидена е и набавка на најмалку два компостери. Добиениот компост ќе се користи за одржување на јавните зелени површини, а ќе им биде достапен и на локалните земјоделски производители.
Во двата града одделно ќе се собира и отпадното масло за јадење, кое може да се користи како суровина за производство на биодизел. Во рамките на проектот ќе се испитува и можноста за користење кујнски и друг соодветен отпад од биомаса за производство на биоетанол, додека мешаниот органски отпад ќе може да се преработува во биогас и други облици на биоенергија.
Во пилот-активностите ќе бидат вклучени најмалку по 100 домаќинства во Шабац и Оток, кои ќе добијат садови за одвоено собирање отпад од храна и масло за јадење. Соодветна опрема ќе биде обезбедена и за најмногу пет избрани HoReCa-објекти кои подготвуваат повеќе од 50 оброци дневно.