
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Групацијата „Перутнина Птуј“ го објави извештајот за одржливост за 2025 година, кој воедно претставува и прв самостоен извештај за одржливост на компанијата во рамките на „МХП група“.
Во извештајот се претставени активностите и резултатите на компанијата во областа на ESG, климатските цели, енергетската ефикасност и одговорното управување со ресурсите.
„Горд сум на сè што постигнавме заедно и благодарен сум им на сите што придонесоа за овој успех. Групацијата влегува во ново поглавје од позиција на сила, со цврсти темели, јасни амбиции и исклучителни луѓе кои ќе продолжат да го надградуваат сето она што заедно го постигнавме“, изјави Енвер Шишиќ, кој ја извршуваше функцијата извршен директор на компанијата до јули 2026 година.
Новиот извршен директор на „Перутнина Птуј група“, Лука Комазец, истакна дека одржливиот раст е составен дел од долгорочните деловни резултати на компанијата.
„Голема чест ми е што го презедов раководењето со ‘Перутнина Птуј’ во момент кога групацијата се потпира на толку силни темели. Повеќе од 120 години историја покажуваат дека долгорочниот успех не се постигнува со постојано измислување нешто ново, туку со зачувување на она што ве прави единствени, со дисциплина и амбиција за постојано унапредување“, изјави Комазец.
Тој посочи дека компанијата ќе продолжи да работи транспарентно и одговорно, да инвестира со долгорочна перспектива и да создава услови за развој на вработените.
„Одржливиот раст не е одвоен од деловните резултати. Тој претставува начин на кој долгорочно се постигнуваат квалитетни деловни резултати“, нагласи Комазец.
Според извештајот, во текот на 2025 година „Перутнина Птуј“ интензивно работела на развој на својот ESG систем и унапредување на одржливото работење.
Меѓу клучните активности се формирањето посебен Оддел за одржливост, унапредувањето на системот за ESG управување и ажурирањето на процената на двојна материјалност (Double Materiality Assessment).
Компанијата продолжила и со подготовките за усогласување со барањата на ESRS и CSRD регулативите, како и со усогласување на ESG известувањето со интегрираните процеси за известување на „МХП група“.
Дополнително, продолжил развојот на ESG показателите за успешност (KPI) и интерните управувачки процеси, а бил спроведен и процесот на EcoVadis сертификација.
Во 2025 година целосно биле верификувани и сите релевантни категории на емисии на стакленички гасови (GHG) на ниво на групацијата, со што е воспоставена референтна година за поставување на идните климатски цели.
Компанијата спровела и енергетски ревизии во Словенија и Хрватска за процена на енергетската ефикасност, можностите за декарбонизација и оперативните подобрувања, како и нови пристапи за вклучување на добавувачите и партнерите од синџирот на вредност во ESG активностите.
„Перутнина Птуј“ во 2024 година го доби и сертификатот Green Star со три ѕвезди од организацијата „ЦЕР Партнерство за одржлива економија“, со што беше вброена во категоријата „Determined Challengers“.
На крајот од 2025 година беше завршен и EcoVadis ESG процесот на оценување за сите операции на групацијата. „Перутнина Птуј“ го доби признанието EcoVadis Committed Badge и постигна резултат од 61 од можни 100 поени при своето прво оценување во рамките на повеќегодишната програма EcoVadis.