InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговскиот синџир пријави раст на приходите во 2025 година од 4,3%, на 313,3 милијарди рубљи (3,2 милиони евра).
LFL продажбата порасна за 0,6%, при што главен двигател на растот беа прехранбените производи, чија споредлива продажба се зголеми за 13,3%.
Компанијата во овој период ја прошири мрежата за 701 продавница, достигнувајќи вкупно 7.818 објекти (+9,8% на годишно ниво), додека продажната површина порасна за 9,9%, на 1,7 милиони квадратни метри.
Бруто-маржата се зголеми за 16 базични поени на 31,7%, додека нето-добивката изнесуваше 11,2 милијарди рубљи (115 милиони евра), со нето маржа од 3,6%.
Корираната EBITDA изнесуваше 23,3 милијарди рубљи (240 милиони евра), додека EBITDA маржата достигна 7,4%.
Бројот на корисници на програмата за лојалност порасна на 32,9 милиони во Русија (+14,5%). Нивното учество во малопродажбата се зголеми за 10,6 процентни поени на 71,1%, а просечната сметка е речиси двојно повисока во однос на купувачите без картичка.
Капиталните инвестиции изнесуваа 10,1 милијарда рубљи (104 милиони евра), односно 3,2% од приходите, како резултат на вложувања во отворање и реновирање продавници, како и изградба на нов дистрибутивен центар во Татарстан со површина од 40.000 квадратни метри.