
Работилница наменета за сите продавачи во FMCG-секторот, која ќе ве научи како да се справите со тешките купувачи и како да успеете да постигнете „win-win“ ситуација на преговарачката маса.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Работилница наменета за сите продавачи во FMCG-секторот, која ќе ве научи како да се справите со тешките купувачи и како да успеете да постигнете „win-win“ ситуација на преговарачката маса.
ЦЕЛИ НА РАБОТИЛНИЦАТА:
• Кои се „тешки“ клиенти и која е нивната цел?
• Тактики на „тешките“ купувачи?
• Како да управувате со вашите реакции и да имате контрола на бесот при вербални напади?
• Како да го неутрализирате „агресорот“ и да го канализирате разговорот кон саканиот исход?
• Од противникот да изградите соработник – илузија или...?
ДЕН 1:
Појава на гнев/лутина
• Причини и последици од конфликтот
• Невербален индикатор на гневот
• Целта на гневот
• Функционален и нефункционален конфликт
Комуникациски вештини со „тешки“ клиенти
• Техники за ефективно слушање на соговорникот
• Вербални модели кај висок степен на гнев
• Реченици со кои се стабилизира ситуацијата
• Техники за да се задржи менталното и физичкото здравје
Реакции на гнев
• Избор на соодветна реакција
• Невербална комуникација со лути луѓе
• Стратегија „интеграција", како единствен начин преку кој на долг рок се решава конфликтот
ДЕН 2:
Техника за прашања
• Редоследот на прашања при продажба – како да се структурира и насочи разговорот
• Структурирање на разговорот околу проблемите, потребите и желбите на клиентот
• Техники за составување прашања
• Активно слушање и разбирање, како да се слушне и да се разбере потребата на клиентот
• Конструктивен притисок
Како да се даде и добие понуда?
• Лажни забелешки (smoke screen) и како да ги препознаете
• Авторски видео клипови и анализа на грешки во разговорот за продажба
• Тест за самооценување на вашиот стил на комуникација
Преговарање при зголемување на цените
• Што треба да претходи на процесот на зголемување на цената?
• Зошто и кога купувачот ја прифаќа повисоката цена на добавувачот? Ако е така, за колку, и дали во целина?
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА?
• За лицата задолжени за годишни преговори со трговците/маркетите во големи, средни и мали компании.
• За лицата кои го имаат поминато првото ниво на вештини за преговарање со Даворка Б. Винце.
ЗА ТРЕНЕРОТ
Даворка Биондиќ Винце е тренер за преговарање и искусен професионалец со 25-годишно искуство на менаџерски позиции во хрватски и интернационални трговски синџири – 11 години член на Управата за набавка и прокурист во германската групација „Лидл & Шварц“ (во трговскиот синџир „Кауфланд“, кој е во исто сопствеништво со „Лидл“). До март 2012 година била директор за набавка во австрискиот трговски синџир „Шпар“ (преговарала и за „Метро“, со оглед на тоа што „Шпар“ и „Метро“ – Хрватска соработуваат на полето на набавките). Самостојно водела повеќе од 10.000 преговори со домашни и интернационални партнери и била одговорна за набавна вредност на стока во висина од 200 милиони евра.
Своите знаења во подрачјата менаџмент и деловно преговарање ги усовршувала на деловните школи во Германија: MMCT во Хановер, „HAUFE Akademie“ во Брецфелд, „COMMAX Consulting AG“ во Минхен и „GABLER Management Institut“.
Клиенти: Heineken, Carlsberg, dm, Orbico, Coca-Cola, Belupo, Afrodita, Podravka, Ericsson, AWT, Atlantic trade, Bambi, British American Tobacco, Istragrafika, Polimark, Dukat, Franck, Kraš, Keune, BASF, Hartmann, Saponia, Klara, ACG Lukaps, Pisinium, Barilla, Clarum, Deltron, Dracomerx, Color trgovina, Filir, Megamix (Henkel).
Предавач е во Центарот за претприемништво на Загреб, како и на FMCG конференциите на магазинот InStore во регионот.
Авторка на книгите: Како да се преговара успешно и 100 преговарачки тактики.
Добитничка е на наградата на Меѓународниот економски форум за придонес во претприемништвото во Средна и во Југоисточна Европа „Создавачи за векови“ за 2015 година.
КОТИЗАЦИИ:
1 лице – 230 евра
2 лица од компанија – 220 евра по лице
3 лица од компанија – 210 евра по лице
4 и повеќе лица од компанија – 200 евра по лице
(Цените се без ДДВ)
Во котизацијата се вклучени: