
Guinness бренд на компанијата „Дијаџио“, како официјално пиво и безалкохолно пиво на Премиер лигата, лансираше нова глобална кампања пред почетокот на новата сезона на Премиер лигата.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Guinness бренд на компанијата „Дијаџио“, како официјално пиво и безалкохолно пиво на Премиер лигата, лансираше нова глобална кампања пред почетокот на новата сезона на Премиер лигата.
Новата кампања, под наслов „Lovely Day for a Guinness“, вклучува серија кратки филмови кои ја слават моќта на фудбалот да ги поврзува луѓето, со фокус на навивачите на сите 20 клубови што учествуваат во лигата. Секој филм го следи музичкиот запис „All My Friends“ на изведувачот Barry Can’t Swim, навивач на Евертон и продуцент на електронска музика.
Лансирањето следи по уште една успешна година за брендот, во која забележа двоцифрен раст глобално и зголеми удел на своите три најголеми пазари.
Нашата прва сезона како официјално пиво и безалкохолно пиво на Премиер лигата беше силна платформа за брендот ширум светот. Премиер лигата е повеќе од игра, таа му овозможи на Guinness да стане дел од ритуалите, традициите и моментите на припадност што го збогатуваат искуството на гледањето фудбал. Оваа сезона одиме чекор понатаму со нашата кампања ‘Lovely Day for a Guinness’, во која славиме навивачите што пеат, навиваат, нервираат и се опуштаат низ емотивниот ролеркостер на секоја натпревар, и ритуалите што ги поврзуваат. Зашто, без разлика дали е победа или пораз, кога сте со своите луѓе и уживате во чаша Guinness или Guinness 0.0, секој натпревар може да биде убав, изјави Сомнат Дакрипта, глобален маркетинг директор на Guinness.
Guinness остави фантастичен впечаток во својата прва сезона како официјално пиво на Премиер лигата, собирајќи навивачи ширум светот да ја прослават играта на значаен и незаборавен начин. Оваа нова кампања го продолжува тој замав истакнувајќи ги емоциите, енергијата и духот на заедницата што ја дефинираат Премиер лигата. Со нетрпение очекуваме да видиме како Guinness продолжува да го подобрува искуството на денот на натпреварот за навивачите ширум светот, додаде Вил Брас, комерцијален директор на Премиер лигата.
Извор: Instore.rs
Фото: „Дијаџио“