
Синџирот маркети „Жито“ и „Кожувчанка“ успешно ја завршија кампањата „Со мал дел до голема цел“, преку која се собираа средства за донација во Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Синџирот маркети „Жито" и „Кожувчанка" успешно ја завршија заедничката хуманитарна кампања „Со мал дел до голема цел", преку која се собираа средства за донација во Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.
Донацијата, која беше поддржана од граѓаните, ѝ обезбеди на клиниката нови апарати за дезинфекција на раце.
Нашата болница секогаш има потреба од нови апарати. Овој пат, апаратите за хигена, ќе ни бидат од голема корист, имајќи предвид дека во ваква установа, хигената секогаш треба да биде на високо ниво. Голема благодарност до двете компании кои несебично и безрезервно се ангажираа за да ги подобрат условите во нашата болница,изјави д-р Марија Хаџи Лега, директор од Клиниката.
Во кампањата дирекно беа вклучени и граѓаните, кои ја покажаа хуманоста со купување на Кожувчанка во сите продажни објекти на „Жито". Од продажбата беа издвоени средства за фондот за донација, преку кој беа овозможени два нови апарати за дезинфекција на раце.
Уште еднаш се докажа дека кога станува збор за помош и за донирање во јавна институција во Македонија, граѓаните несебично ја покажуваат својата хуманитарна страна. Соработката со „Кожувчанка" го потврди фактот дека кога две компании имаат заедничка цел, тогаш непречено се стигнува до целта и до реализирање на идеите со многу ентузијазам, истакна Стојанче Тодороски, маркетинг-директор на „Жито".
Ратко Мицев, маркетинг-менаџер во „Кожувчанка", искажа дополнителна благодарност до сите потрошувачи што дирекно се вклучија во кампањата: Нè радува фактот што сите заедно, ние, „Жито" и граѓаните, брзо и ефикасно овозможивме подобрување на условите во Клиниката. Се надеваме дека во иднина овие хуманитарни акции ќе продолжат, затоа што преку нив се создава пример што позитивно влијае врз свеста на граѓаните и ги подобрува условите во средината каде што живееме.
Преставниците од „Жито" и „Кожувчанка" ветија дека и понатаму ќе организираат слични хуманитарни кампањи, а не ја исклучуваат и можноста за нивна повторна соработка, затоа што општествената одговорност е составен дел од нивното работење.