
Со вкупен извоз од 2,03 милијарди евра и увоз од 750 милиони евра, Германија е најголемиот трговски партнер на Македонија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Со вкупен извоз од 2,03 милијарди евра и увоз од 750 милиони евра, Германија е најголемиот трговски партнер на Македонија, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија за трговската размена за 2016 година.
Според податоците, вкупната трговска размена меѓу Македонија и Германија, минатата година надмина 2,7 милијарди евра. На второто место според вкупната трговска размена (706 милиони евра), најголем трговски партнер на земјава е Велика Британија, со вкупен увоз од 654 милиони евра и извоз во вредност од 52 милиони евра. Трет најголем партнер е Србија – минатата година од овој пазар беа увезени производи и услуги во вредност од 449,7 милиони евра, а износот на извозот достигна 194 милиони евра.
Грција е на четвртото место, од каде што минатата година беа увезени производи и услуги со вкупна вредност од 449,7 милиони евра, а извозот на македонските компании, изнесуваше 147 милиони евра. Вкупната трговска размена меѓу Македонија и Грција, во 2016 година достигна 596,7 милиони евра. На петтото место е Италија, со вкупна трговска размена од 505 милиони евра, односно увозот изнесуваше 347 милиони евра, а извозот – 158 милиони евра.
Според Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот од земјата минатата година изнесуваше 4,32 милијарди евра и беше повисок за 6,9 отсто во однос на претходната година. Вредноста на увезените производи и услуги, лани изнесуваше 6,1 милијарда долари, што е за 5,7 отсто повеќе во споредба со 2015 година. Вкупната трговска размена во 2016 година, изнесуваше 10,4 милијарда евра.