
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје минатата недела беа донирани повеќе од 1.250 парчиња детски пижами, со цел да се подобрат условите за престој на најмалите пациенти.
Вкупната вредност на донацијата изнесува 170.900 денари, а пижамите се наменети за децата кои се лекуваат на Клиниката.
Од донаторот посочуваат дека целта на акцијата е да се придонесе кон создавање попријатна и похумана средина за децата за време на нивниот болнички престој.
„Веруваме дека со заеднички ангажман можеме да придонесеме кон создавање посигурна, попријатна и похумана средина за најмалите пациенти“, се наведува во објавата по повод донацијата.
Оттаму додаваат дека општествената одговорност ја гледаат како обврска да се помогне таму каде што поддршката е најпотребна, со надеж дека ваквите активности ќе поттикнат и други компании и организации да се вклучат во слични хуманитарни иницијативи.
Со донацијата се очекува да се олесни секојдневието на дел од децата кои престојуваат на Клиниката и дополнително да се укаже на значењето на поддршката за најмладите пациенти.