
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во пресрет на 15-ти септември - Меѓународниот ден за чистење на планетата (World Cleanup Day), „Пивара Скопје“, „Пакомак“ и Амбасадата на Кралството Холандија спроведоа акција чија цел е подигнување на свеста за потребата од замена на неразградливите пластични кеси со алтернативни решенија кои не ја загадуваат животната средина.
Во пресрет на 15-ти септември - Меѓународниот ден за чистење на планетата (World Cleanup Day), „Пивара Скопје", „Пакомак" и Амбасадата на Кралството Холандија спроведоа акција чија цел е подигнување на свеста за потребата од замена на неразградливите пластични кеси со алтернативни решенија кои не ја загадуваат животната средина.
Во рамки акцијата, која се спроведе во соработка со трговските ланци „Веро" и „Тинекс", на потрошувачите им беа поделени платнени торби како една од еколошки прифатливите замени за неразградливите пластични кеси.
Среќен сум што повторно, заедно со нашите партнери, колеги и пријатели, чиј број постојано се зголемува, спроведуваме нова акција преку која заедно испраќаме симболична, но силна порака дека сите ние како поединци можеме со своето однесување да придонесеме за почиста животна средина. Како компанија, Пивара Скопје е силно посветена на заштитата и унапредувањето на животната средина, што за нас е од огромно значење. Во континуитет спроведуваме конкретни мерки, ги надминуваме еколошките таргети поставени од државните институции и инвестираме значајни финансиски средства со кои меѓу останатото се обезбедува и ефикасност на системот за собирање и рециклирање на амбалажниот отпад. И во оваа прилика сакам да апелирам и до останатите компании и целото општество да го преземат својот дел од одговорноста и повеќе да се ангажираат во решавањето на проблемот со загадувањето на околината, со што креираме услови за одржлива иднина за нас и за идните поколенија", изјави Владимир Косијер, генерален директор на „Пивара Скопје".
Акцијата е дел од пошироката долгорочна платформа на „Пивара Скопје" и „Пакомак", која се одвива под мотото „Рециклирате ли!?" и вклучува најразлични активности - едукација на младите и пошироката јавност за потребата од правилен третман, селекција и рециклирање на отпадот, како и волонтерски еко-акции за чистење на јавни површини. Досега во рамки на оваа платформа беа организирани три волонтерски акции за чистење на брегот и водите на езерото Матка, како и на кејот на реката Вардар, во кои учествуваа вработени во „Пивара Скопје", како и голем број волонтери од партнерските организации. Една од нив е Амбасадата на Кралството Холандија која активно учествува во сите досегашни активности. Всушност, најновата акција во рамки на платформата „Рециклирате ли!?" е продолжение на проектот #ИмамТорба на Холандската амбасада.
Неразградливите пластични кеси се огромен глобален еколошки проблем за целокупната природа, особено за животинскиот свет во реките, морињата и океаните. Лично ќе бидам многу среќен доколку со денешната симболична акција ги поттикнеме луѓето да променат нешто во нивните секојдневни навики и со тоа, наместо да учествуваме во создавање на проблемот, заедно да бидеме дел од неговото решение", истакна амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп.
И за Филип Ивановски, директор на „Пакомак", проблемот може да се реши само доколку сите го преземат својот дел од одговорноста.
Oд пластиката како материјал за пакување не можеме целосно и веднаш да се откажеме, но употребата на неразградливите пластични кеси секако дека може драстично да ја намалиме, користејќи подолготрајни материјали за торби за повеќекратна употреба. Најопасно загадување за живиот свет во морињата и океаните се токму пластичните кеси кои не се разградуваат", рече Ивановски.
Заштитата и постојаното унапредување на животната средина се составен дел од стратегијата за одржлив развој на „Пивара Скопје". Следејќи го глобалното лидерство на групацијата Coca-Cola HBC во оваа област, како и практиките за одржливост на HEINEKEN, „Пивара Скопје" континуирано вложува и спроведува конкретни активности насочени кон правилно управување со амбалажниот отпад, како и намалување на потрошувачката на енергија и заштеда на вода