
Компанијата „Алкалоид“ оствари позитивни финансиски резултати во првите три месеци годинава, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Алкалоид" оствари позитивни финансиски резултати во првите три месеци годинава, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.
Според единечниот Биланс на успех, од јануари до март 2017 година, продажбите достигнале 1,8 милијарди денари, што е за 11 отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесувала 342 милиони денари, е зголемена за околу 12 отсто, а единечната нето-добивка, во износ од 203,5 милиони денари, е зголемена за 9 отсто.
Во првиот квартал годинава, вкупните консолидирани продажби достигнале 2,3 милијарда денари, што е за 10 отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Консолидираните продажби остварени на домашен пазар, се зголемиле за 11 отсто, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата, е зголемен за 9 отсто. Од вкупните консолидирани продажби, 38 отсто се остварени на домашниот пазар, а 62 отсто – на странските пазари.
По региони, во земјите од Југоисточна Европа биле остварени 30 отсто, во Русија и во другите земји од ЗНД – 8 отсто, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) – 23 отсто и на другите пазари пазари биле остварени 1 отсто од вкупните консолидирани продажби. Најголем пораст кај извозните пазари е остварен во: Велика Британија (4,3 отсто), Русија (36 отсто), Романија (63 отсто), Словенија (28 отсто), Хрватска (5 отсто), Унгарија (369 отсто), Чешка (467 отсто) и Албанија (11 отсто).
По групи на производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби, најголемо учество имале производите од сегментот фармација (85 отсто). Сегментот хемија, козметика и билкарство учествувал со 15 отсто во вкупните консолидирани продажби, односно хемија со 4 отсто, козметика со 8 отсто и билкарство со 3 отсто.
Вкупните инвестиции на „Алкалоид" во основни средства од јануари до март годинава, изнесувале128,2 милиони денари. во истиот период, биле реализирани 30 нови вработувања.