
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Жито Лукс годинава одбележува значаен јубилеј, 80 години постоење, развој и доверба од потрошувачите. Од своите почетоци во 1946 година до денес, компанијата прерасна како водечки производител на леб и брашно и една од најголемите компании во домашната прехранбена индустрија.
Ново значајно поглавје започна во 2001 година, кога Жито Лукс стана дел од меѓународната групација Elbisco, отворајќи простор за понатамошна модернизација, развој и воведување современи производствени практики.
Денес, зад осумдецениската традиција стои современ производствен систем и тим од 352 вработени во 2025 година. Компанијата располага со мелнички капацитет од 50.000 тони и пет производствени линии за леб, а нејзината дистрибутивна мрежа опслужува околу 3.000 клиенти дневно. Во изминатите години во модернизација на производството, нова опрема, автоматизација и подобрување на процесите се вложени околу 6 милиони евра, со јасна определба традицијата да продолжи преку современа технологија и повисока ефикасност.
Од традиционалните лебови и брашна со кои растеле генерации потрошувачи, портфолиото на Жито Лукс во моментов опфаќа традиционални, тост, нутритивни и лебови од 100% цели зрна, специјални производи за сендвичи и хамбургери, различни видови брашно, двопек, презла и други мелнички и пекарски производи. Посебно место има производството на двопек, кој покрај за домашниот пазар се произведува и за извоз, што е уште една потврда за способноста на домашното производство да одговори на барањата на странските пазари. Развојните активности на компанијата вклучуваат и нови видови двопек наменети за извозната категорија.
Квалитетот и безбедноста на храната се еден од клучните столбови на работењето. Во 2023 година Жито Лукс се сертифицира според меѓународниот IFS Food стандард, доделен од Quality Austria, а сертификацијата го опфаќа целокупното производство – стандардни и тост лебови, специјални видови леб, двопек и презла. Компанијата применува и ISO 22000, кој го интегрира ISO 9001 и HACCP принципите, а во својата актуелна комуникација ги истакнува и ISO 14000 за управување со животната средина и ISO 17025 во делот на лабораториските анализи. IFS сертификацијата воедно претставува важна основа за соработка со големите европски синџири на снабдување.
Но, осум децении присуство значат и одговорност кон заедницата. Жито Лукс континуирано поддржува хуманитарни и општествено одговорни иницијативи.
Од 1946 до 2026 година се менувале технологиите, навиките и генерациите, но суштината останала иста, секојдневно да се создаваат квалитетни и безбедни производи на кои потрошувачите им веруваат. Осумдесет години подоцна, Жито Лукс продолжува да ја спојува традицијата со иновациите, домашното производство со меѓународните стандарди и искуството на генерациите со инвестициите во иднината.