
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Рамстор“ го реновира својот супермаркет во „Сити мол“, кој по завршувањето на работите треба да добие нов, современ концепт и подобрени услови за пазарење.
Од компанијата информираат дека маркетот е во процес на целосно реновирање и унапредување, со цел на потрошувачите да им понуди поквалитетно и попријатно искуство при пазарувањето.
И покрај градежните и адаптациските работи, супермаркетот продолжува да работи и да биде достапен за купувачите. Сепак, во одредени периоди се можни привремени ограничувања во делови од продажниот простор поради изведувањето на работите.
Според најавите, со новото уредување маркетот ќе добие подобрена функционалност, современа опрема и нов амбиент, усогласен со актуелните стандарди во малопродажбата.
Големото отворање на целосно реновираниот „Рамстор“ во „Сити мол“ е најавено за 1 ноември.
„Ова е уште еден чекор во нашата посветеност кон постојано унапредување на услугата и создавање подобро искуство за нашите потрошувачи. Со новиот концепт сакаме да понудиме модерен простор, усогласен со современите стандарди и потребите на потрошувачите“, велат од „Рамстор“.
Од компанијата им се заблагодаруваат на потрошувачите за разбирањето и трпението во периодот на реновирањето и ги покануваат од 1 ноември да го посетат новоуредениот супермаркет.