
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Преземањето на британскиот производител на нутритивни оброци „Хуел“ од страна на компанијата „Данон“ доби одобрение од британскиот регулатор за заштита на конкуренцијата, пренесува BBC.
Британската Управа за конкуренција и пазари (CMA) даде зелено светло за трансакцијата вредна една милијарда евра, односно 864 милиони британски фунти, по спроведената анализа.
Компанијата „Хуел“, со седиште во Хертфордшир, ја основал Џулијан Херн во 2015 година, со цел производство на нутритивно комплетни прехранбени производи наменети за потрошувачите што сакаат практични оброци со сите неопходни хранливи состојки.
Француската прехранбена групација „Данон“ соопшти дека аквизицијата ќе придонесе за зајакнување на нејзиното присуство во секторот на нутритивни производи, додека на „Хуел“ ќе му овозможи поддршка за понатамошен раст на брендот и меѓународна експанзија.
„Данон“ го постигна договорот за купување на „Хуел“ во март годинава.
Компанијата веќе има силно портфолио на брендови на британскиот пазар, вклучувајќи ги формулите за доенчиња Aptamil и Cow & Gate, јогуртите Activia и Actimel, како и водите Evian и Volvic.
Брендот Huel во последните години забележа брз раст и ја прошири понудата од првичните замени за оброци на готови јадења, нутритивни плочки и функционални напитоци, при што сите производи се базирани на растителни состојки.
„Данон“ ја поздрави одлуката на CMA и оцени дека таа претставува важна пресвртница во реализацијата на трансакцијата.
„Нашата мисија е преку храната да придонесеме за здравјето на што поголем број луѓе, а со долгогодишното искуство што го имаме во областа на функционалната исхрана, експертизата на Huel во сегментот на комплетна исхрана ќе претставува силно дополнување на нашето портфолио“, изјави портпарол на компанијата.
Од „Данон“ истакнаа дека трансакцијата сега ги очекува завршните формалности пред нејзиното конечно затворање.