
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „КАМ“ ги зголеми платите на вработените во двата свои најголеми сектора – продажбата и логистиката, како дел од мерките за подобрување на условите за работа и финансиската сигурност на вработените.
Зголемувањето за вработените во Логистичкиот центар било реализирано со мајската плата, додека новите износи за вработените во маркетите биле применети со исплатата на јулската плата.
Според информациите од компанијата, основната плата на сите работни позиции во секторот за продажба сега во просек е за 29 проценти повисока од минималната плата во државата. Просечната исплатена плата на ниво на компанијата, пак, е за 22 проценти повисока од просекот во дејноста.
Дополнително, „КАМ“ годинава ќе исплати регрес за годишен одмор во износ од 52.000 денари. Од компанијата посочуваат дека овој износ е речиси трипати повисок од законски утврдениот минимален регрес во земјава.
Покрај зголемувањето на платите и исплатата на регресот, компанијата продолжува да го развива и системот на дополнителни поволности за вработените. Во текот на изминатиот месец на вработените им биле обезбедени и ваучери за пазарување во dm.
„Веруваме дека препознавањето и вреднувањето на трудот на вработените треба да биде континуиран процес. Нашата цел е да создаваме работна средина во која луѓето се чувствуваат ценети, поддржани и мотивирани“, велат од „КАМ“.
Од компанијата нагласуваат дека преку платите, надоместоците, дополнителните поволности и подобрувањето на условите за работа продолжуваат долгорочно и системски да вложуваат во своите вработени.