
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Професионалните возачи треба редовно да проверуваат колку денови поминале во Шенген-зоната, особено пред секое ново патување, предупредуваат од Асоцијацијата „Макам-транс“.
При контролата на почитувањето на правилото 90/180, надлежните органи го разгледуваат периодот од 180 дена наназад, сметано од денот на контролата. Во тој период се утврдува вкупниот број денови што возачот ги поминал во Шенген-зоната. Дозволениот престој не смее да надмине 90 дена во кој било период од 180 дена.
Од „Макам-транс“ нагласуваат дека со почетокот на функционирањето на Системот за влез и излез – ЕЕС, нема „ресетирање“ или автоматско бришење на претходно искористените денови. Во пресметката влегуваат сите денови поминати во Шенген-зоната, без разлика дали престојот бил поврзан со професионален ангажман или со приватно патување и годишен одмор.
Поради тоа, на возачите им се препорачува прецизно да ги евидентираат сите датуми на влез и излез. Пред секое поаѓање треба да проверат колку денови веќе искористиле и колку им остануваат од дозволениот престој.
За полесна проверка може да се користи официјалниот калкулатор на Европската комисија за краткорочен престој според правилото 90/180. Сепак, станува збор само за помошна алатка, чија точност зависи од правилното внесување на сите претходни влезови и излези.
Одговорноста за следење на дозволениот престој останува на самиот возач, поради што точната евиденција е особено важна за да се избегнат прекршувања, казни или ограничувања при идните патувања.