
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Потрошувачите може да се соочат со нов бран поскапувања на храната во текот на есента, откако климатските промени и геополитичките тензии повторно создаваат притисок врз глобалното земјоделство и синџирите на снабдување.
Сушите и високите температури влијаат врз земјоделските приноси во повеќе делови од светот, додека нарушувањата во извозот на житарици дополнително ја зголемуваат неизвесноста на пазарите. Во исто време, повисоките цени на горивата и ѓубривата ги поскапуваат производството, преработката и транспортот на храната.
Последиците може да се почувствуваат и во Македонија. Домашното производство на пченица обезбедува одредена стабилност, но земјоделството и прехранбениот сектор во значителна мера зависат од увоз на гориво, ѓубрива, суровини и други репроматеријали.
Според проценките, првите поскапувања би можеле да се почувствуваат уште наесен, особено кај свежото овошје и зеленчукот. Кај лебот, тестенините и останатите преработени производи, евентуалното зголемување на трошоците би можело да се пренесе на крајните цени со одредено задоцнување, поради постојните залихи и договори.
Во меѓувреме, домашните земјоделци се соочуваат со сопствени проблеми. Производителите на црвена индустриска пиперка од струмичкиот регион повторно се незадоволни од откупната цена, која само неколку дена по постигнатиот договор со посредство на Министерството за земјоделство повторно се движи меѓу 20 и 25 денари за килограм.
Поради тоа, производителите најавија протест, барајќи решение за откупот и условите под кои ја предаваат својата реколта.
Состојбата покажува дека цените на храната ќе зависат не само од глобалните движења, туку и од состојбите во домашното земјоделство, трошоците на производителите и начинот на кој повисоките трошоци ќе се пренесуваат низ целиот синџир до потрошувачите.