
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Европа Штип“ и „Гемак“ најавија ново партнерство за дистрибуција на брендовите Cunga Lunga и Rocks на македонскиот пазар. Со соработката се очекува производите од двата бренда да станат подостапни за потрошувачите низ земјава преку проширена дистрибутивна мрежа.
Од „Европа Штип“ посочуваат дека особено значајно е дополнителното зајакнување на присуството на Cunga Lunga на домашниот пазар. Станува збор за македонски бренд чии производи денес се извезуваат во повеќе од 40 земји.
„Cunga Lunga е бренд на кој сме особено горди. Иако нашите производи се присутни во повеќе од 40 земји, за нас е подеднакво важно брендот да остане силно присутен и на домашниот пазар. Преку соработката со „Гемак“ сакаме на децата во Македонија да им ја доближиме целата палета производи на брендот“, изјави Дино Атанасов, управител на „Европа Штип“.
Во изминатата година компанијата го интензивираше развојот на нови производи преку својот Сектор за развој и иновации, со фокус не само на забавата, туку и на поттикнувањето на детската креативност, имагинација и активна игра.
„Континуирано инвестираме во развојот на нови производи и концепти кои на децата им нудат нешто повеќе од класичен кондиторски производ – производи дизајнирани да поттикнуваат креативност и интеракција, што е клучен дел од визијата за развојот на брендот“, додава Атанасов.
Преку партнерството, „Гемак“ ќе обезбеди поширока достапност и дистрибуција на производите на Cunga Lunga и Rocks, додека „Европа Штип“ ќе продолжи со развојот и проширувањето на своето портфолио наменето за најмладите потрошувачи.