
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Македонските превозници на 31 август ќе одржат двочасовен протест пред седиштето на Делегацијата на Европската УнијПревозниците излегуваат на протест на 31 август поради правилото 90/180а во Скопје поради проблемите со правилото за престој од 90 дена во период од 180 дена во Шенген-зоната, информираат од „Макам-транс“.
Одлуката била потврдена на состанок на превозниците одржан на 21 август. Протестот е планиран од 12 до 14 часот, со најмалку 20 товарни возила и присуство на сопственици на транспортни компании, професионални возачи и други вработени од повеќе градови во државата.
Истовремени протести се најавени и во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Протестот доаѓа непосредно пред состанокот на Работната група во Брисел, закажан за 1 септември, на кој превозниците очекуваат да биде понудено преодно решение за престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната.
Доколку не биде постигнат договор, се разгледува можноста од 14 септември да почнат протести и блокади на граничните премини во секоја од четирите држави. За ваков чекор ќе биде потребна согласност од превозниците и одобрение од надлежните институции.
Од „Макам-транс“ наведуваат дека евентуалниот протест би можел да трае и повеќе од десет дена, по моделот на протестите од јануари годинава.
Асоцијациите во моментов спроведуваат анкета меѓу превозниците, а за организирање на протестот се бара поддршка од најмалку 70 проценти од транспортните компании.
Во случај на блокади, ќе треба да биде утврдена и листа на стоки од јавен интерес кои непречено би се пропуштале преку граничните премини, меѓу кои нафта и нафтени деривати, јаглен и други неопходни производи.