
Начинот на кој денес произведуваме храна и ги користиме ресурсите не ги одредува само деловните резултати, туку и светот што им го оставаме на идните генерации.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Често се зборува за одржливоста како за тренд кој придонесува за подобар имиџ на брендот, привлекува помлади потрошувачи или ги зајакнува комуникациските стратегии, но суштината е многу подлабока од тоа. Стратегијата на одржлив развој и сите иницијативи што ја следат „зелената агенда“ повеќе не се теми што е добро да се имаат и со кои можеме да се пофалиме, туку наша обврска и одговорност. Пристапот кон одржливиот развој го обликува целокупниот начин на кој се работи, се градат односи со партнерите и заедницата. Значи, одржливото работење стана неопходен предуслов за долгорочен опстанок, развој и пораст на секој бизнис.
Во индустријата на храна и стоки за широка потрошувачка, влијанието на климатските промени е особено изразено. Повеќе не станува збор само за вртоглавиот пораст на цените на суровините како какаото или кафето, туку и за тоа како индустријата може да придонесе за нивната долгорочна достапност. Екстремните временски услови, поплавите и сушите создаваат притисок врз синџирите на снабдување и ги зголемуваат оперативните ризици. Дополнително, бројни регулативи, како европската регулатива за спречување на дефорастацијата, бараат трансформација на работењето и поставување и следење мерливи цели засновани на наука. Јасно е дека работењето на FMCG-секторот значително се промени и дека оние кои сè уште не влегле во кругот на трансформацијата ќе мора да го направат тоа што поскоро и да дадат директен придонес преку дополнителни инвестиции, градење значајни партнерства, зајакнување на сите во синџирот и помош на заедниците.
Начинот на кој денес произведуваме храна и ги користиме ресурсите не ги одредува само деловните резултати, туку и светот што им го оставаме на идните генерации.
Иако одржливите промени бараат инвестиции, тие истовремено отвораат простор за иновации и нови модели на пораст. Бројни анализи покажуваат дека одржливите производи побрзо стекнуваат доверба кај потрошувачите, особено меѓу помладите генерации. Одржливоста станува клучен фактор на доверба и лојалност, влијаејќи врз подготвеноста на потрошувачите да платат повеќе за одговорни брендови. Компаниите што инвестираат во декарбонизација и поотпорни синџири на снабдување бележат пониски долгорочни трошоци, постабилни операции и подобра пазарна позиција.
Добро е познато дека најголемите извори на емисии на стакленички гасови во FMCG-секторот доаѓаат од земјоделството. Еден од совршените „алатки“ за зачувување на животната средина е примената на регенеративното земјоделство, кое со правилна и континуирана едукација на фармерите и целиот синџир може да донесе многу бенефити. Доколку стручно се применува и се следи, веќе од две до пет години може значително да го подобри здравјето на почвата, да придонесе за зачувување на биодиверзитетот и да ги намали емисиите. Долгорочно, има потенцијал да ја унапреди економската стабилност, да ги подобри приносите, да го зачува квалитетот на почвата и да спаси загрозени видови. И тоа е само една од можностите, а ги има многу, каде што сите ние како одговорни субјекти мораме да ги пронајдеме најдобрите начини да ги поддржиме, зајакнеме и едуцираме сите засегнати страни.
За сето ова да биде можно, клучна улога имаат лидерите – не само во поддржувањето на спроведувањето на дефинираните ESG цели, туку и во создавањето култура во која одржливоста станува дел од секојдневните одлуки. Едукацијата на вработените, разбирањето на климатските ризици и развојот на вештини потребни за спроведување одржливи практики се подеднакво важни како и инвестициите. Компаниите што ја подигаат свеста и ги вклучуваат тимовите во овој процес побрзо напредуваат, носат поквалитетни одлуки и полесно одговараат на сè построгите стандарди.
Одржливите модели не носат резултати преку ноќ, но им овозможуваат на компаниите долгорочно да планираат, да ја намалат изложеноста на ризици и да обезбедат сигурност во снабдувањето во непредвидлива средина. Одржливоста мора да биде дел од секојдневното деловно планирање, особено во FMCG-индустријата. Начинот на кој денес произведуваме храна и ги користиме ресурсите не ги одредува само деловните резултати, туку и светот што им го оставаме на идните генерации.