
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На 30 октомври, во Александар Палас, се одржа 11. FMCG Summit, најголемиот и највлијателен настан на македонскиот трговски пазар, во организација на магазинот InStore и агенцијата Кликер маркетинг.
Со присуство на повеќе од 400 професионалци од индустријата и 12 врвни говорници од Македонија, регионот и од светот, самитот беше вистинска платформа за споделување искуства, иновации и практични решенија.
Овогодинешната конференцијата ја истакна важноста на поврзувањето, едукацијата и иновативноста во FMCG секторот, нудејќи им на учесниците конкретни совети за раст, профит и адаптација кон променливите пазарни трендови. Со инспиративни приказни и динамичен панел на тема Дисконтизација на македонскиот пазарт, самитот ги поттикна учесниците да размислуваат поинаку и да создаваат нови можности за нивните бизниси.
FMCG Summit продолжува да биде водечка платформа каде што лидерите од индустријата се среќаваат, инспирираат и создаваат иднина за македонскиот FMCG-пазар.