.webp&w=1920&q=100)
Секое издание на FMCG Summit е нова лекција, нова потврда дека светот на брзообртните производи никогаш не мирува.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Секое издание на FMCG Summit е нова лекција, нова потврда дека светот на брзообртните производи никогаш не мирува. Она што важеше вчера, денес веќе не е исто. И токму во тоа е убавината на оваа индустрија – во постојаната промена и во луѓето што секогаш бараат подобро решение.
Живееме во време кога ChatGPT ни е секојдневен соработник, а одговорите ги добиваме за неколку секунди. Но, токму затоа, настаните во живо денес вредат повеќе од кога било. Затоа што ниту една технологија не може да ја замени енергијата на вистинскиот разговор. Тие моменти кога се гледаме в очи и споделуваме искуства се потсетник дека идеите се раѓаат меѓу луѓе, а не меѓу редови на код.
Во овие единаесет години, FMCG Summit стана повеќе од конференција. Тоа е место каде што се создаваат партнерства, се градат доверби и се слушаат идеи што инспирираат. Место каде што зад бројките повторно ги гледаме луѓето – нивната визија, интуиција и страст кон бизнисот.
Темите се менуваат, трендовите исто така. Но, едно нешто останува исто – потребата да се сретнеме, да разговараме и да учиме едни од други.
Затоа што најдобрите идеи не доаѓаат од алгоритми, туку од суштински разговори.
Се гледаме на 30 октомври, на 11. FMCG Summit.