
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во фокусот на панел-дискусијата на 11 FMCG Summit ќе биде актуелната тема: Дисконтизацијата на малопродажбата – крај на старите правила?
Дисконтизацијата веќе не е тренд, туку процес што го менува ликот на македонската малопродажба. Домашните дисконтери брзо го редефинираа пазарот со фокус на цената и ефикасноста, а најавените нови формати само го забрзуваат тој процес. Дали ова е крајот на старите правила во FMCG трговијата, или почеток на поефикасен, поконкурентен пазар?
Своите ставови, мислења и решенија на панел - дискусијата ќе ги споделат: Трајче Цветановски, генерален директор на Кам Маркет, Климе Булоски, генерален директор на Gemak Trade, Ѓорѓи Петрушев, генерален директор на Млекара АД Битола.
Панел-дискусијата чиј модератор ќе биде главната уредничка на InStore, Алма Растодер, ќе ги отвори сите прашања што денес ја обликуваат иднината на малопродажбата – од локална перспектива, но со регионален контекст.
