.webp&w=1920&q=100)
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
In-store брендирање: Кога вниманието станува продажба е темата на која ќе говори Тони Рончевиќ, на 11 FMCG Summit, кој ќе се одржи на 30 октомври во „Александар Палас“ во Скопје.
Во свет на пренатрупени пораки и ограничено внимание, вистинскиот момент на купување станува клучен за успех. Брендирањето во продавница е повеќе од визуелен впечаток – тоа е стратегија што ја води одлуката на потрошувачот. Презентацијата ќе покаже како ефективното in-store позиционирање, креативната комуникација и конзистентното присуство на брендот ја претвораат видливоста во продажба.
Тони Рончевиќ е извршен директор со богато искуство во малопродажба, инвестиции и корпоративна трансформација низ Централна и Источна Европа. Во текот на својата кариера бил на високи лидерски позиции во компании како Agrokor, Intersport и Mandis, успешно водејќи проекти за аквизиции, интеграции и оптимизација, кои донеле мерливи финансиски и оперативни резултати. Има одиграно клучна улога во процесот на аквизиција и интеграција на Mercator од страна на Agrokor, управувајќи со синергиски проекти на повеќе пазари, а подоцна придонел и за порастот и профитабилноста на Intersport во Хрватска и Србија. Неговата експертиза опфаќа стратешко планирање, спојувања и аквизиции, работење во малопродажбата и водење мултидисциплинарни тимови. Тони е препознатлив по својот аналитички начин на размислување, колаборативен пристап и способност да води одржливи бизнис-трансформации во динамични средини.
