.jpg&w=1920&q=100)
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На 11 FMCG Summit на тема Интелигентни дигитални цени – нова димензија на малопродажбата ќе говорат Александар Бајков, Country Lead за Северна Македонија, Printec и Александар Кефер Senior Sales Manager, SOLUM Europe GmbH.
Printec како доверлив технолошки партнер кој работи во 17 земји, ќе го презентира своето портфолио на иновативни решенија за дигитална трансформација во ритеил индустријата, со кои им помага на бизнисите да креираат нови кориснички искуства. Ќе го претстават и својот партнер Solum – компанија која обезбедува иновативни решенија за ESL технологијата. Преку успешни примери од европските пазари, ќе се прикаже како овие решенија ја зголемуваат ефикасноста на работењето и го унапредуваат искуството на купувачите.
Александар Бајков е раководител на Printec Group за Северна Македонија, каде што води тим кој обезбедува иновативни технолошки решенија за дигитална трансформација, автоматизација и платежни технологии, со главен фокус на финансискиот и малопродажниот сектор. Со повеќе од 30 години професионално искуство, тој работел на дигитални решенија што ги модернизираат и автоматизираат деловните процеси за водечки клиенти низ регионот. Денес соработува со најголемите банки и синџири маркети во Македонија, имплементирајќи напредни решенија од Printec Group во партнерство со глобални компании како NCR, Verifone, Microsoft и IBM. Неговото силно искуство во областа на ентерпрајз решенија, управување со партнери и деловен пораст го прави стратешки лидер фокусиран на поттикнување иновации и создавање долгорочна вредност за клиентите.
Александар Кефер е дипломиран бизнис-економист со повеќе од 30 години искуство во малопродажба, на местото на продажба (Point of Sale). Тој е вклучен во развојот и пазарното лансирање на електронските ценовни етикети ePaper уште од нивните почетоци, речиси 15 години. Во својата улога како Senior Sales Manager, се грижи за големи малопродажни компании како REWE Group, како и за водечки интеграциони партнери како PRINTEC во DACH и Балканскиот Регион.
