InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На 30 октомври, во „Александар Палас“ ќе се одржи најзначајниот трговски настан на годината 11 FMCG Summit.
Настанот ќе ги обедини водечките професионалци, компании и експерти од трговскиот, дистрибутивниот и производствениот сектор на едно место и ќе отвори можности и решенија за иднината на FMCG индустријата.
Инспиративната агенда годинава носи ексклузивни истражувања, практични увиди и идеи кои ќе донесат промени во деловното работење.
Врвни говорници од регионот и Европа, ќе ги споделат своите искуства и погледи за клучните трендови, предизвици и иновации, а на маргините на самитот ќе се одржи и панел-дискусија на тема: Дисконтизацијата на малопродажбата – крај на старите правила?
АГЕНДАТА на 11 FMCG Summit e достапна на следниот линк.
