
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На 11 FMCG Summit кој ќе се одржи на 30 октомври во „Александар Палас“, генералниот директор на Imperial Brands, за Полска, Бојан Стоевски ќе говори на тема:Репозиционирање за раст: промена на пазарниот модел со ценовната стратегија во фокусот.
Во време на инфлација, променети потрошувачки навики и растечка конкуренција, ценовната стратегија станува клучна алатка за одржлив раст. Стоевски ќе прикаже како компаниите можат да го редефинираат својот пазарен модел преку внимателно репозиционирање и стратегиски пристап кон цените. Фокусот ќе биде на практични примери и искуства што покажуваат како правилната цена може да биде најсилен двигател на развојот.
Бојан Стоевски е стратегиски ориентиран лидер со повеќе од 13 години искуство во Imperial Brands, каде што водел трансформациски иницијативи и постигнал комерцијален пораст низ Централна и Источна Европа. Во моментов ја предводи најголемата CEE операција на компанијата во Полска, со над 300 вработени, две фабрики и два глобални хаба. Под негово водство, пазарот постигна 19% годишен пораст на оперативната добивка, значително зголемување на ангажманот на вработените и успешно лансирање на нови категории производи. Познат е по својата способност да води преку промени, да инспирира тимови и да испорачува резултати во динамични пазарни услови.
