
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Од стратегија до резултати – Performance Management како движечка сила е темата за која ќе говори Марина Михајловска на 11 FMCG Summit кој ќе се одржи на 30 октомври во „Александар Палас“.
Performance Management не е само систем за мерење на резултати, туку и механизам што ја одржува стратегијата релевантна и ефективна. Стратегијата не е документ, туку начин на размислување и дејствување што се пренесува низ цели, бројки и одлуки. Преку KPI и улогата на менаџерите како имплементатори на стратегијата, се создава организациска култура на влијание, одговорност и континуиран раст.
Марина Михајловска е директор за општи работи и човечки ресурси во КОЛА Група, која веќе повеќе од 12 години ја трансформира HR-функцијата во стратешки двигател на бизнисот. Со воведување современи HR-практики и методологии и со имплементација на стратешки HR-процеси, успева да ја позиционира оваа функција на корпоративно ниво. Правник по образование, таа е сертифициран Erickson Professional Coach и High Performance Team Coach од Erickson Coaching International, со бројни сертификации во областа на практични HR-алатки. Нејзиниот фокус е развој на лидерските стилови и менаџерските вештини, како и зајакнување на корпоративните вредности, што резултира со мотивирани тимови и високи деловни перформанси. Во 2022 година ја доби престижната награда „HR-менаџер на годината“ од Македонската асоцијација за човечки ресурси.
