
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Потрошувачките навики низ призма на глобалните и регионалните трендови е темата на која ќе говори Драган Теодоровиќ, на 11 FMCG Summit, кој ќе се одржи на 30 октомври во „Александар Палас“ во Скопје.
Потрошувачките навики се менуваат побрзо од кога било – под влијание на глобалните трендови, економските промени и новите вредности на локалните пазари. Како се однесуваат потрошувачите денес, што ги мотивира при изборот и како се создава лојалност во време на инфлација и дигитална преоптовареност?
Теодоровиќ на 11 FMCG Summit ќе даде поглед на клучните глобални и регионални трендови што ја обликуваат иднината на FMCG пазарот и ќе даде насоки како компаниите да се приспособат на новата реалност на потрошувачот.
Драган Теодоровиќ е директор на одделот за малопродажба за Адриа Регионот во NielsenIQ (NIQ), каде што раководи со стратешки проекти и соработува со сите водечки трговци во регионот. Кариерата ја почнал во NIQ пред 20 години, а денес, со ист ентузијазам и богато искуство, успешно раководи со тимови низ целиот Адриа Регион.Во текот на годините, имал можност да соработува со најголемите трговци во регионот и да води проекти што им помогнале на клиентите при донесувањето стратешки одлуки и подобро разбирање на потрошувачите и нивните навики. Неговото разбирање на пазарните случувања и искуството што го има во FMCG-индустријата, го прават вистински соговорник кога станува збор за малопродажбата и потрошувачите.
