
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На 11 FMCG Summit кој ќе се одржи на 30 октомври во „Александар палас“ во Скопје, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“, Огнен Огненовски ќе говори на тема „Мапа на FMCG индустријата во Македонија“.
Темата на Огненоски ќе биде фокусирана на:
• Вкупиот број на компании во FMCG сегментот (производство, дистрибуција и трговија).
• Вкупните приходи и добивката на индустријата.
• ТОП 10 најголеми компании според приходи и добивка.
• ТОП 5 најбрзорастечки компании во последните 3 години.
• Новоосновани компании во FMCG последните 5/10 години и стапка на преживување.
• Згаснати компании и споредба со просекот на целата економија.
• Просечна профитна маржа на FMCG vs. цело стопанство.
• Финансиска стабилност: долгови, блокирани сметки и ризичност.
• Број на вработени и трендови на раст/пад во индустријата.
Огнен Огненоски е основач и извршен директор на Бизнис Мрежа, водечка платформа за деловна интелигенција и финансиски анализи во Македонија. Со повеќе од 12 години искуство во бонитетна аналитика и управување со податоци, тој изгради најголема корпоративна база во државата, која денес ја користат над 1.500 компании и институции. Сериски претприемач и експерт за деловна интелигенција и економски анализи, Огнен е препознаен како еден од водечките гласови за развој на корпоративната транспарентност и стратегиско донесување одлуки во Македонија.
