.webp&w=1920&q=100)
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
За маркетиншкиот пристап на најголемите светски теоретичари на маркетингот Byron Sharp и Philip Kotler, на 11 FMCG Summit ќе се „соочат“ говорниците Саша Ќириќ и Предраг Ќирковиќ.
Преку разговор и практични примери Ќириќ и Ќирковиќ ќе говорат за сегментацијата и масовниот маркетинг, лојалноста и нејзиното мерење, како и диференцијацијата и препознатливоста на брендот.
Во фокусот на нивниот „двобој“ ќе бидат:
✔ диференцијација vs. дистинкција
✔ сегментација vs. масовниот маркетинг
✔ позиционирањето vs. менталното присуство
Саша Ќириќ е директор за маркетинг и развој во Neoplanta од 2019 година и искусен маркетинг експерт со повеќе од 15 години искуство во управување со брендови. Најголемиот дел од својата кариера го поминал во Frikom како директор за маркетинг и развој, каде што работел на зајакнување на вредноста на богатото портфолио на брендови од областа на сладоледите и смрзнатата храна. Како консултант, учествувал во проекти за капитализација на брендови, градење на бренд архитектура и развој на нови производи.
Предраг Ќировиќ е Извршен директор на YouGov за Србија и Хрватска. Кариерата ја започнал во регионалното седиште на Kraft Foods (Mondelez) во Виена, во секторот Consumer Insight. Подоцна работел како истражувачки консултант во GfK Србија, а потоа ја презел функцијата менаџер на маркетинг во Eurobank Србија. По три години повторно се приклучил на GfK, првично како директор на секторот за панели за домаќинства. Од 2019 година ја предводи компанијата, која денес функционира под брендот YouGov.
Byron Sharp е професор по маркетинг науки и директор на Институтот Еренберг-Бас – најголемиот светски центар за маркетинг истражувања. Неговата прва книга, How Brands Grow: What Marketers Don't Know, се смета за една од највлијателните маркетинг книги во последната деценија (според Warc, 2015) и беше прогласена за маркетинг книга на годината од страна на читателите на AdAge
Philip Kotler е глобално признат како „таткото на современиот маркетинг“. Повеќе од 50 години предавал на Kellogg School of Management при Northwestern University. Неговата книга Marketing Management е најпознатиот маркетинг учебник во светот.
