
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„In B2B sales, the buyer has the power“ е темата за која ќе говори Селма Кадиќ – Маглајлиќ на 10 FMCG Summit кој ќе се одржи на 31 октомври во „Александар Палас“.
Селма Кадиќ-Маглајлиќ е вонреден професор по маркетинг на бизнис школата во Копенхаген. Пред да се посвети на академската кариера, работела во индустријата за автомобили, забава и медиуми. Таа со својата експертиза им помага на компаниите да ги подобрат своите продажни стратегии со детална анализа на податоците.
Нејзините истражувања се објавени во бројни меѓународни списанија и се споделени во регионалните медиуми. Селма е признат едукатор и тренер, а исто така и експерт за развој на продажни стратегии.
“In B2B sales, the buyer has the power” е увид за тоа како B2B менаџерите за набавка сè повеќе го контролираат процесот на продажба. Некои студии сугерираат дека B2B купувачите имаат поминато 57% од патот пред воопшто да почнат активно да се ангажираат во процесите на преговори. B2B купувачите преферираат self-service и дигитални канали, како што се веб сајт и апликации, додека традиционалните методи како што се интеракциите лице во лице стануваат се помалку релевантни. И покрај подемот на cold calling и cold e-mail, негувањето на комбинираните комуникациски методи сеуште носи добри резултати. Презентацијата потенцира и како AI ја попречува продажбата - преку автоматизираните интеракции, профилирањете на клиенти, процесот на анализа на емоционалниот тон на пораките.
Резервирајте го 31 октомври и проследете ги најдобрите говорници од земјата, регионот и од светот
КОТИЗАЦИИ
1 учесник – 199 евра
2 до 3 учесници од компанија – 189 евра по лице
4 до 6 учесници од компанија – 179 евра по лице
За 7 и повеќе учесници од компанија – 169 евра по лице
*Цените се без ДДВ
Цената за котизација вклучува следење на сите предавања, ручек и кафе пауза за едно лице.
ПРИЈАВИ И КОНТАКТ
info@fmcg-summit.mk