
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Дозволени се мерки за продажни акции? Има ли недостиг на комуникација меѓу Владата и бизнис-секторот? Каков ќе биде Законот за нефер трговски практики?, беа темите на панел-дискусијата што се одржа на 9. FMCG Summit, на која ставовите ги соочија претставниците на секторот: комерцијалниот директор на „Лион“, Икица Павлоски, извршниот директор на „Еуро табак“, Климе Булоски, претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, и министерот за економија Крешник Бектеши, а активно учество во дискусијата имаа и учесниците на самитот.
Најинтересните моменти од панел-дискусијата ![]()
Присутните го чекаа одговорот. Сите сакаа јасно и гласно да слушнат од министерот што смее, а што не смее околу акциите. Публиката имаше можност да прашува, а и често и бурно реагираше.
На почетокот на панел-дискусијата, на која модератор беше Горан Теменугов, Павлоски и Булоски посочија дека поради недостигот на маркетиншките алатки, како акции и промоции во маркетите, бил забележан пад во продажбата, а малопродажните места биле под стрес дека доколку спроведат такви активности, ќе следуваат санкции.
Она што го добиваме како информација*од терен и што ние лично го забележуваме едека голем удел во падот на продажбата има недостигот на промоции и акции, кои веќе 32 години функционираа, несамо кај нас, туку и секаде во Европа. Тааалатка ни еодземена во овој период, истакна *Икица Павлоски**, кој даде забелешка и на покачувањето на ДДВ за одредени производи.
Министерот за економија негираше дека имало забрана за продажни акции и нагласи дека тоа било дозволено не само за производите што подлежат на владините мерки, туку за сите производи во маркетите, по што следуваше бурна реакција од посетителите.
Во однос на промоциите, акциите или*маркетинг-алатките што се користатво делотна трговијата, во делот на основните прехранбени производи и тиешто се опфатени во одлуката за утврдување највисока цена која е референтнана цената од почетокот на август, тааодлука важеше само три-четири дена ипотоа се укина, а за тоа беше информирана целата јавност и сите во трговијата. Тоа значи дека, акции, промоции и секакви маркетинг-алатки што се користат во трговијата се дозволени и тоа сеправи од сите, колку што следам во трговијата на мало. Пред да ја носиме секојмерка, сејавуваме во Стопанската комора и бараме да донесат претставницисо кои ќеразговараме за нашите предлози, кои не се финални. Забрането е да сеставаат потрошувачите во заблуда соакции кои се спроведуваат заради истекна рок, истакна *Крешник Бектеши**.
Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, истакна дека бизнисот не претендира да ја кажува единствената вистина и дека друго не постои во општеството. Нагласи дека претседателот на државава треба ги одликува со орден сите од секторот за тоа што го издржале сите овие години. За справување со кризната ситуација, Азески го повика секторот на обединување.
Запомнете ги моите зборови, тие се зборови на искуството. Ако не се обединиме, отидовме, ние сме мала земја, малпазар. Мора да го најдеме механизмоти да заборавиме на она што е минато,да ги рушиме границите, луѓето да добијат пазар, а ние да им помагаме, истакна Азески.
Како тема на дискусија на панелот се најде и предлог-законот за нефер трговска практика, за што Павлоски посочи дека поголемиот дел од секторот не бил запознаен со содржината на предлог-законот, додека Булоски истакна дека донесувањето на овој закон ќе има позитивен ефект и тој имал можност да ја прочита неговата содржина.
Тој треба да овозможи компаниите штосе доминантни во даден сегмент да неможат да го користат тоа доминантно учество и да поставуваат или условуваат други учесници во синџирот наснабдување. Тоа е позитивна работа засите нас, законот нема да биде на нечија штета, рече Булоски.
Според министерот за економија, предлог-законот повеќе од триесет дена бил објавен во ЕНЕР и бил донесен на јавна расправа во просториите на Стопанската комора, а биле доставени и забелешки кои дополнително ќе биле консултирани со Стопанската комора. Тој рече дека синџирите маркети, производителите и дистрибутерите имале дијаметрално спротивни ставови во однос на законот и посочи дека секторот треба активно да се вклучи во донесувањето нови закони.

Нема едногласни решенија. Како членови на Владата, најважен ни е гласот натие на кои се однесува законот, односнозабелешките на чинителите и на Стопанската комора.Голем процент од забелешките ќе се обидеме сите заедничкида ги вградиме, потребен е консензус восекторот за трговија, нагласи Бектеши.
Како тема на дискусија на панелот се најде и предлог-законот за нефер трговска практика...
Ова законско решение лично ми се допаѓаи ова е значајна работа. Повикувам да несе повторува практиката да донесуваат закони во скратена постапка затоашто сезаобиколува Стопанската комораи сите бизнис-заедници да се произнесат, истакна Азески.
Панел-дискусијата на годинашниот 9. FMCG Summit го даде одговорот на една од дилемите со кои се соочуваше секторот во последниот период. Маркетите слободно ќе можат да ги употребуваат маркетиншките алатки, како што се промоции и акции за продажба на производи без да стравуваат од санкции.
Еден ден по 9. FMCG Summit, Министерството за економија донесe одлука со којасе укина забраната за акции и промоции. Тоа што произлезе од панел-дискусијата, а што е клучно за бизнисот е единството во барањата. Потребно е да се настапува како група, таа да има добра организација и јасна цел што сака да постигне. InStore и настаните што ги прави секако се можност каде може да се почне со промените. Во наредниот период секторот ќе мора активно да се вклучи во донесувањето на новиот Закон за нефер трговски практики, за да се избегнат решенија кои би биле на негова штета.