
За време на неговото работење во P&G, Дурам обучувал некои од водечките светски менаџери на брендови за тоа како би можеле да го променат својот бизнис за подобро да ги сфатат потребите на потрошувачите и да го зголемат профитот
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Еден од водечките светски стручњаци во FMCG-индустријата, долгогодишен директор во „Проктер&Гембл“(P&G), доаѓа во Скопје! Тони Дурам, познат и признат експерт за психологија и однесување на купувачите, за првпат ќе го пренесе своето богато знаење и искуство и во Македонија, како ексклузивен говорник на 9 FMCG Summit што ќе се одржи на 26 октомври во „Александар Палас“ во Скопје, во организација на InStore магазин и агенцијата „Кликер маркетинг“.
Роден во Велика Британија,Тони Дурам ја почнува кариерата во 1982 година во P&G, каде што останува да работи 35 години. За време на неговото работење во P&G, Дурам обучувал некои од водечките светски менаџери на брендови за тоа како би можеле да го променат својот бизнис за подобро да ги сфатат потребите на потрошувачите и да го зголемат профитот. Последната деценија од неговата работа во оваа компанија ја обележува неговата работа на позицијата директор на SBD (Shopper Based Design) за регионот на Европа, Индија, Африка и Блискиот Исток.
Следниот голем чекор во неговата кариера е развој на концептот на регионални центри „Прв момент на вистината (FMOT)“, кој има цел да ги подигне стандардите во трговијата преку собирање и користење на најдобри практики и релевантно знаење за однесувањето на потрошувачите. Овие центри станаа место каде што компаниите можат да ја тестираат ефективноста на нивните идеи, користејќи физички инсталации и виртуелна реалност. Денес овие центри се присутни насекаде низ светот и претставуваат важна предност за многу светски компании.
Во 2017 година Дурам основа консултантска компанија, Tony Durham Consulting Limited, со цел да им помогне на компаниите да развијат стратегии и да ги зголемат приходите, користејќи го знаењето што го има за однесувањето на потрошувачите и за психологијата на клиентите. Оваа консултантска фирма нуди услуги и обука на сопственици на компании и менаџери на брендови за психологијата на клиентите и влијанието на различни фактори врз продажбата, како што се: дизајнот на пакувањата, позиционирањето на полиците, рекламирањето и однесувањето на потрошувачите на местото на продажбата.
КОТИЗАЦИИ
1 учесник – 199 евра
2 до 3 учесници од компанија – 177 евра по лице
4 до 6 учесници од компанија – 155 евра по лице
Повеќе од 7 учесници од компанија – 133 евра по лице
(Цените се без ДДВ)
ПРИЈАВИ И КОНТАКТ: info@fmcg-summit.mk