
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Повторно во живо и на старото место – во хотелот „Александар палас“, на 27 октомври ќе се одржи 8 FMCG Summit Skopje, на кој премиерно пред секторот ќе говори Гоце Камчев.
Гоце Камчев е сопственик и основач на „Кам“, еден од најголемите синџири за прехранбени и непрехранбени производи со маркети во Македонија, Бугарија и во Косово. Toj ќе зборува за актуелната ситуација и за сегашните предизвици со кои се соочуваат компаниите, но од друга страна и за борбата, истрајноста и инспирацијата во време на криза.
Камчев ја почнал работата во приватниот сектор како дистрибутер на увозни прехранбени производи. Со фирмата „Интеркам“ бил дистрибутер на големи европски компании како „Нестле“, „Д-р Еткер“, „Таи унион“ од Тајланд, „Балзен“, „Шолер“ и други. Почнал да се занимава со малопродажба и во 1999 година го отвори првиот маркет „Камфуд“ во центарот на Скопје, на површина од 1.100 квадратни метри.
Го проучувал концептот на германскиот синџир „Алди“, кој се карактеризира со ниски цени, ограничен асортиман, малку продавачи, производи изложени во картонски кутии или на палети. Концепт кој за основа ги има ниските цени и сѐ е подредено на тоа, освен квалитетот на производите и платите на вработените.
Резервирајте го 27 октомври за да ги проследите најдобрите говорници од земјата, регионот и од светот.
КОТИЗАЦИИ
1 учесник – 199 евра
2 до 3 учесници од компанија – 177 евра по лице
4 до 6 учесници од компанија – 155 евра по лице
Повеќе од 7 учесници од компанија – 133 евра по лице
(Цените се без ДДВ)
ПРИЈАВИ И КОНТАКТ
е-пошта: info@fmcg-summit.mk