
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
ПОЛИКАРП АРСЕНОВСКИ, основач и генерален менаџер на THRIVITY, ќе биде говорник на 6 FMCG SUMMIT 2020 што ќе се одржи в четврток, на 26 ноември во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.
Тој ќе зборува на темата "Патот до вистинските луѓе".
Арсеновски има повеќе од 20 годишно професионално искуство на различни лидерски позиции во McDonalds, Wrigley и Mars, но, исто така, и како претприемач и косопственик. Во јануари 2018 година го основа АПОД со цел да се фокусира на нови искуства, и да го сподели своето знаење и стручност со други организации во регионот. Фокус на АПОД се Луѓето, управување со човечкиот капитал во организацијата и нејзината култура. Во април 2020, АПОД тимот го лансира THRIVITY, online платформа, место каде ЛУЃЕТО И КОМПАНИИТЕ се среќаваат 24/7. Според Поликарп, луѓето не се ,,средство’’, тие се нашиот основен ресурс за успех и оттука, пораката е дека сите ние како лидери имаме обврска да креираме јасна визија за управување на организацијата, да создадеме извонредни услови за работа и да се однесуваме кон луѓето со високо ниво на достоинство и почит.
Годинава, на конференцијата можете да ни се придружите бесплатно! Вашата пријава ја очекуваме тука.
Не пропуштајте го Самитот на кој може да присуствувате само еднаш во годината!