
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Од 21 врвни доставувачи, за дури 19 од нив „Зоки комерц" е врата број еден во БиХ. „Зоки" во понудата брои повеќе од 27.000 артикли и тоа е местото каде што купувачите се навикнале на одличен избор и на уште подобри цени. На фејсбук-страницата на продавницата, со повеќе од 10.000 лајкови, обожавателите може да поставуваат прашања, молби, па дури и жалби, на кои ќе добијат одговор за најкраток рок.
Разговараше: Едина Мизиќ, edina.mizic@instore.ba
Луѓето веруваат дека патот кон успехот е поплочен со голем број препреки, трикови и тајни на мајсторите. Но, вистината е дека нема ништо од тоа! Колку навистина се трудите, колку ќе ги засукате ракавите, колку имате дисциплина... толкава ќе биде и наградата. Мојот труд е мојата посветеност, а дисциплината е во тоа што од ден на ден е така. Речиси без пауза. Не се плашам од неуспехот затоа што и кога тој ќе случи, го сфаќам како лекција. Некогаш полесна, некогаш – потешка. А за секој, дури и за најмалиот успех, еднакво се радувам и го почитувам. Од тоа и ја црпам енергијата за новите денови, месеци и години, вели за InStore Горан Лукиќ, генерален менаџер во компанијата „Зоки комерц".
Според него, на прво место во работењето и во остварувањето добри деловни резултати се луѓето – тимот со кој работи, блиските соработници, деловните партнери, купувачите... Да се изградат и да се сочуваат добрите односи, партнерски и пријателски, вели тој, е голем предизвик. Но, со прецизно дефинирана цел и со јасни заеднички интереси, добриот резултат е неизбежен.
Најчестите проблеми со кои „Зоки" се соочува секојдневно е дилемата – или премалку, или премногу стока! Горан вели дека денешната нестабилност на пазарот ги отежнува работењето и планирањето на секој трговец и дека е тешко да се одржи константноста во понудата и да се исполнат очекувањата, пред сè на лојалните купувачи: Но, ако навистина се трудиме, купувачите препознаваат!
Со оглед на жестоката конкуренција и сèпоголемата застапеност на трговските центри, генералниот менаџер вели дека борбата не е лесна, но концептот на „Зоки" е помалку или повеќе во сигурен пазарен простор, преку опсегот на неговиот таргетен пазар, приспособувањето на понудата кон потребите на потрошувачите и најважното – цените.
Широката понуда ни е многу важна и затоа постојат повеќе параметри што влијаат на изборот на дистрибутер. Мора да имаме можност да се потпреме на дистрибутерот, во врска со количествата, изборот на производите и ценовната политика. Нашите купувачи навикнаа на одличен избор и на одлични цени, имаме намера така и да остане, ни ја открива Горан нивната практика за избор на добар дистрибутер.
Состаноците со доставувачите, според него, се добар натпревар – важни се подготовките, но и реализацијата. Концентрација и фокус, бидејќи полето е динамично и промените се случуваат во минута. Преговорите може да бидат исцрпувачки, но донесуваат и задоволство. Особено кога со некои луѓе соработувате со години и имате многу приказни и одиграни натпревари зад себе.
„Зоки" ги почитува и ги применува речиси сите начини за унапредување и за развивање на продажбата – позиции, брендирање, истакнување, воблери, промоции, наградни игри... Денес е неопходно да се работи на унапредување на продажбата. Премногу информации, премногу избор и на купувачот не му е лесно да донесе одлука. Тука унапредувањето на продажбата мора да го одигра својот дел од работата. Купувачот не треба да се информира за производите само преку АТЛ-активности, туку и на местото на продажбата – таму каде што се донесува вистинската одлука.
Горан смета дека современиот потрошувач треба да биде таков каков што е – информиран, едуциран и со посебни барања, бидејќи станува збор за неговите потреби и за неговиот домашен буџет. А, она што трговците треба да го прават е да го следат неговиот чекор и да комуницираат:Се трудиме да бидеме тука, на располагање. Не само на социјалните мрежи, туку и во продавницата, по телефон, лично или како што им одговара на купувачите.
| Генералниот менаџер на „Зоки" постојано ги посетува конференциите што ги организира InStore. За тој начин на едукација и на комуникација, вели: Со оглед на тоа што за многумина од нас ритамот е пребрз и динамичен, тешко дека ќе одвоиме време и ќе направиме нешто за себе, во смисла на едукација. Конференциите се соломонско решение, кое ги соединува едукацијата и работата. Покрај тоа што секогаш добивам по некоја нова информација, нова идеја, сознание... успевам и да договорам состаноци и да завршам добра работа. Кога имам можност да учам и да работам во исто време, тоа сигурно нема го пропуштам! |