InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
InStore во разговор со Дејан Велевски, сопственик на ДООЕЛ „Дени Радово"
Потрошувачите ја диктираат продажбата
Во оваа продавница можат да се најдат само производите што им се потребни на потрошувачите, што претставува клуч за успехот на продавницата и опстојувањето од речиси 10 години на пазарот.
Традиционалните продавници во Македонија се неизбежен сегмент од секојдневието на секој поединец. Без разлика дали сме го направиле планираното месечно купување во некој од поголемите маркети во градот, нема ден а да не влеземе во нашата најблиска продавница. Таква е и состојбата со едно мало населено место во Скопје, на само пет километри оддалеченост од центарот на градот. Спроти фабриката „Охис", на улицата „Борис Трајковски" (поранешна „Првомајска"), веќе 10 години функционира продавницата ДООЕЛ „Дени Радово", што неуморно се обидува да се избори со конкуренцијата и да го извлече најдоброто од дистрибутерите за да ги задоволи специфичните барања на неговите потрошувачи.
Продавницата ја отвори мојот татко во 2002 година, кога имав само 14 години. Од првиот ден се активирав во работењето на продавницата и за многу краток период ги научив сите „трикови" што ги бараше таа професија. Како поминуваа годините, почнав да работам како пекар во неколку различни фурни во Скопје, но никаде не бев задоволен ниту од односот на претпоставените кон мене, ниту од парите што ги заработував како пекар. Пренесувањето на раководењето со продавницата од мојот татко на мене се случи за помалку од еден ден. Одлуката се донесе за време на една седенка со некои гости кај нас дома, а веќе следниот ден се најдов со татко ми низ нашите институции за да се завршат правните работи околу преносот. Тоа беше и роденденски подарок за мојот 18 роденден. Сега веќе шест години успешно сам раководам со продавницата, низ смеа ни раскажа Дејан за почетоците на неговото раководење со „Дени Радово".
Иако Дејан бил млад и неискусен во таа професија, полека но сигурно почнал да ги презема работите во свои раце. Неговиот татко му помогнал во остварување на контактите со клучните дистрибутери за нивната продавница, го упатил околу потребите на нивните соседи и постојано го поддржувал во секоја негова деловна одлука. Од продавница што во 2002 година се простирала на само 18 квадратни метри, денес „Дени Радово" се простира на површина од 40 квадратни метри. Во продавницата има двајца редовно вработени, а во работата помагаат и сите членови на семејството.
За Дејан најголем проблем е близината на неколку големи маркети во негова близина, сепак тој смета дека е во голема предност. Иако на оддалеченост од два до три километри се наоѓаат некои од најголемите синџир-маркети во државата, како „Тинекс" и „Веропулос",сметам дека во мојата населба има многу луѓе кои немаат автомобил и сигурен сум дека попрво би купувале во мојата продавница, отколку со автобус да се упатат до најблискиот поголем маркет. Најголема предност за мене и за мојата продавница е тоа што јас сум роден во оваа населба и тука сум пораснат...
Прочитајте повеќе во печатеното и електронското издание на InStore бр.1