
Добро дизајнираните стандарди за синџирот на снабдување играат многу важна улога во деловните операции кои се одвиваат секојдневно.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Повеќе од 50 години GS1 е посветен на дизајнирање и имплементација на глобални стандарди за користење во синџирот на снабдување.
Пишува: Бранко Азески, генерален извршен директор на „ГС1 Македонија“
Стандардите GS1 претставуваат рамка која овозможува производите, услугите и информациите за нив ефикасно и безбедно да се движат во корист на бизнисите и за подобрување на животoт на луѓето секојдневно и насекаде.
Тие ги зближуваат компаниите кои ги претставуваат сите делови на синџирот на снабдување – производителите, дистрибутерите, продавачите на големо, болниците, превозниците, царинската управа, софтверските куќи, националните и меѓународните законодавни тела итн.
Ги користат и големите мултинационални синџири и малите маалски продавници, светски познатите брендови, но и индивидуалните занаетчии. Овие компании, чии интереси, всушност, се вкрстуваат, под наше лидерство соработуваат на изготвувањето на стандардите кои го прават синџирот на снабдување побрз, поефикасен, помалку комплексен и поевтин.
Добро дизајнираните стандарди за синџирот на снабдување играат многу важна улога во деловните операции кои се одвиваат секојдневно. Тие придонесуваат да се намали комплексноста меѓу и во рамките на организациите, го олеснуваат донесувањето правилни одлуки за купување хардвер, софтвер и опрема, а со тоа потоа се намалуваат трошоците за имплементација, интеграција и одржување, ја олеснуваат соработката меѓу трговските партнери во синџирот на снабдување. Сето ова ја прави побрза и полесна идентификацијата на производите и го олеснува споделувањето на информациите (како нарачани количества, достапноста или специфични карактеристики), нарачани и примени делови или состојки од добавувачите, или испратена стока на клиентите.
Во светот полн со податоци, стандардите GS1 помагаат да ги пронајдете оние што се важни за работењето и даваат заеднички јазик за идентификација, зачувување и споделување на податоците низ синџирот на снабдување, а притоа обезбедуваат важните информации секогаш да бидат достапни, точни и лесно разбирливи.
Во рамките на стандардите GS1 постојат три главни области во чии рамки организацијата ГС1 развила и континуирано работи на одржување и надополнување на стандарди:
Во секоја од трите области на соработка со компаниите од целиот свет се изработени стандарди и алатки кои се слободно достапни и отворени за сите компании, бидејќи крајната цел на нашето работење е да се овозможи непречена комуникација и соработка меѓу компаниите без постоење на национални и јазични бариери.
Глобалниот форум на организацијата ГС1 годинава се одржа во Холандија, во присуство на 2.500 учесници од 110 земји. За време на форумот фокусот беше ставен на „Визија 2030 година“, за промените кои треба да се спроведат во глобалната трговија. Преостанати теми на глобалниот форум беа регистраторите на ГС1, вештачката интелигенција, дигиталниот пасош.
Тоа што е особено за наградување е повикот на идентификаторот на правните субјекти ЛЕИ да се идентификуваат и другите правни субјекти преку овој систем (фирма-ќерка, поврзани фирми и други правни субјекти).