
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Народната банка донесе одлука за зголемување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, односно од 4 на 4,25 проценти, со цел да одговори на засилените инфлациски притисоци и ризиците кои произлегуваат од неизвесното меѓународно економско окружување.
Одлуката беше донесена на редовната седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика, одржана на 16 јуни 2026 година. Во Народната банка оцениле дека и покрај одреденото смирување на побарувачката на девизи и забавувањето на инфлацијата, ризиците за ценовната стабилност остануваат присутни.
Од централната банка посочуваат дека од почетокот на годината е забележана зголемена побарувачка на девизи од корпоративниот сектор, што барало поголемо присуство на Народната банка на девизниот пазар. Сепак, од почетокот на мај се забележува стабилизација на побарувачката на девизи, а најновите информации упатуваат на поголема извесност за смирување на конфликтот на Блискиот Исток.
И покрај тоа, економските последици од геополитичките случувања сѐ уште се чувствуваат, а неизвесноста околу целосната стабилизација на глобалните текови останува фактор на ризик за домашната економија.
Инфлацијата во мај забавила на 4,8 проценти на годишно ниво, во споредба со 5,7 проценти во април. Намалувањето главно се должи на поумерениот раст на цените на храната, но Народната банка предупредува дека притисоците кај енергетската компонента остануваат силни и можат да се прелеат врз останатите цени во економијата.
„Ризиците за инфлацијата и понатаму се претежно во нагорна насока“, оценуваат од Народната банка, посочувајќи дека повисоката странска инфлација и нагорно ревидираните цени на енергентите и дел од прехранбените производи дополнително ја зголемуваат неизвесноста.
Во такви услови, беше оценето дека умереното затегнување на монетарната политика, заедно со претходно преземените мерки преку задолжителната резерва и макропрудентните инструменти, ќе придонесе за одржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлацијата и зацврстување на инфлациските очекувања.
Дополнителен фактор за одлуката е и последното зголемување на каматните стапки од страна на Европската централна банка за 0,25 процентни поени, поради засилените инфлациски притисоци во еврозоната.
Според најновите податоци, девизните резерви на крајот на мај достигнале 5,21 милијарда евра и остануваат во сигурната зона. Во текот на мај девизниот пазар бил стабилен, без потреба од интервенции на Народната банка за обезбедување девизна ликвидност.
Домашната економија и понатаму покажува отпорност. Во првиот квартал од годинава реалниот раст на бруто-домашниот производ изнесувал 3,1 процент, што е блиску до проекциите на централната банка. Истовремено, растот на депозитите се движи во согласност со очекувањата, додека кредитната активност и натаму расте побрзо од предвиденото и ја поддржува домашната побарувачка.
Од Народната банка нагласуваат дека остануваат целосно посветени на одржувањето на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото, како клучен предуслов за обезбедување ценовна и финансиска стабилност на среден рок. Централната банка најавува дека и понатаму внимателно ќе ги следи домашните и меѓународните економски движења и ќе ги користи сите расположливи инструменти за зачувување на макроекономската стабилност.