
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во рамките на овогодишната кампања за бесплатни дермоскопски прегледи, организирана од компанијата dm, во Босна и Херцеговина биле прегледани вкупно 718 граѓани, од кои 112 биле упатени на дополнителни испитувања.
Прегледите биле организирани во Сараево, Бања Лука, Тузла и Мостар, а годинешната кампања на граѓаните им понудила и дополнителни активности. Во рамките на sundance Relax катчето посетителите можеле да дознаат повеќе за правилната заштита на кожата од сончевото зрачење, да добијат совети од стручни лица за одговорно изложување на сонце, да го проверат УВ-индексот, како и да ги испробаат производите за заштита на кожата.
Дополнителна вредност на овогодишната кампања ѝ даде и книгата „Sjene naslijeđa“, која dm ја издаде како резултат на успешната соработка со босанско-херцеговската авторка Мелиса Крниќ. Страниците на книгата се дизајнирани така што бојата постепено преминува од бела во црвена, создавајќи визуелен потсетник за поминувањето на времето и потребата од повторно нанесување крем за сончање.
Од почетокот на реализацијата на кампањата на dm за бесплатни дермоскопски прегледи, која се спроведува веќе 13 години, биле прегледани вкупно 7.913 лица, а препорака за дополнителни испитувања добиле 1.475 лица.
„Грижата за здравјето е еден од важните сегменти на нашата стратегија за општествена одговорност, поради што веќе со години ја спроведуваме кампањата за бесплатни дермоскопски прегледи. Нè радува довербата на граѓаните и фактот што сè повеќе од нив се одѕиваат на превентивните прегледи. Бројот на лица упатени на дополнителни испитувања и оваа година уште еднаш потврдува колку е важно да се реагира навреме“, изјави Ајла Хаџиќ, менаџер за маркетинг на dm БиХ.