
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.

| Дистрибуција и логистика |

На четвртата Talk IN Business конференција,одржана на 1 март 2016 година,како што се очекуваше имавме богата дискусија и суштинско навлегување во корисни теми од дистрибуцијата и логистиката. Зад завесите на целокупното ефикасно работење на FMCG-секторот, стои токму дистрибуцијата која се грижи за непречената циркулација на производите, од производствените капацитети и од дистрибутивните магацини до маркетите.
Оптимизирано магацинско работење, воведување софтверски решенија за ефикасно магацинско и дистрибутивно работење, возен парк кој е приспособен на инфраструктурата во Македонија и на локациите на маркетите, технолошки уреди за ефикасно следење на дистрибуцијата... Со сите овие предизвици секојдневно се соочуваат учесниците на оваа интерактивната конференција. И секако, за сето ова успеавме преку презентации и дискусии да ја изгребеме површината, да ја видиме состојбата и заеднички да понудиме решенија и идни насоки.
За да се зголеми ефикасното работење меѓу маркетите и дистрибутерите, односно производителите, претставник од дистрибутерска компанија ја предложи идејата за користење на ГПС за координација меѓу дистрибутивните компании, а претставник од малопродажбата jaистакна можноста за достава на производите до маркетите во втора и во трета смена. Се разви и одлична дискусија за позитивните и за негативните страни на аутсорсингот во дистрибуцијата, како и за иновативните софтверски решенија кои придонесуваат за долгорочно намалување на трошоците и за зголемување на ефикасноста.
Учесниците имаа можност да ја проследат презентацијата на Нестор Печевски, директор за логистика во „Тинекс", кој зборуваше за логистичките процеси во малопродажбата, а стана збор и за новиот логистички центар и за решенијата што тој ќе им ги понуди на сите партнери на „Тинекс".Дино Шкријељ, директор за логистика во „Кола", зборуваше за оптимизацијата на магацинското и на дистрибутивното работење и како преку мотивирањето на вработените се постигнува ефикасност и ефективност. Владимир Трпаноски, комерцијален директор во „Витаминка", преку примери од работењето на компанијата покажа кои се придобивките од сопствената дистрибуција и како успешно може да се синхронизираат производството и дистрибуцијата.
Меѓу присутните беа: „Кене + Нагел", „Витаминка", „Тинекс", „Кола", „АВТ-интернатионал", „Макпрогрес", „Викторија шпед", „Боми 10 логистик", „Нелт СТ", РСМ, „Сигма СБ", „Мактренд", „Маг комерц", „Пекабеско", „Еуроимпекс", „Алка дистрибуција" и „Квенбергер".
Настанот е реализиран во соработка со Амбасадата на Хрватска во Македонија.
ПОДДРЖАНО ОД:



