
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Идентификување, лоцирање и контролирање
РФИД (Radio Frequency Identification) или идентификација преку радио-фреквенција е технологија што користи радио-бранови за автоматска идентификација на објекти
Автор: Игор Ќика, извршен директор, „TQM консалтинг"
РФИД е систем на далечинско испраќање податоци со помош на РФИД-предавател (таg) и РФИД-читач (терминал за декодирање, проверка и за испраќање на информации од компјутерскиот систем).
РФИД-предавател (таg) е носител на податоците за идентификација на објектите што се состои од микрочипови поставени на мала антена, која може да биде посебна или интегрирана со РФИД-налепницата.
РФИД-налепница се лепи на соодветниот објект (производ, транспортно пакување, палета, контејнер и слично) со што се овозможува следење на движењето на објектите во текот на производствените и на логистичките операции.
Освен РФИД-предавател и РФИД-читач, во секој РФИД-систем мора да постои и РФИД-компјутер (host), како што е прикажано на слика 1.
За да функционира РФИД-системот, мора да биде воспоставена врска меѓу РФИД-читачот и РФИД-компјутерот (или компјутерскиот систем) каде се ажурираат и собраните информации.
РФИД-тегнологија и магацинското работење
РФИД-решенијата во магацинското работење се базираат на обележување на транспортните единици (најчесто палети, кутии и сл.) при прием на стоката – на влез во складиштето, и читање на тие ознаки во текот на комисионирањето и при излез од складиштето.
На тој начин се обезбедува контрола на влез, при манипулација и на излез на стоката од складиштето (слика 2).
Слика 2: РФИД-технологија и магацинско работење
Една од основните улоги на РФИД-системите е оптимизација на процесите во рамките на магацинското работење (прием, складирање, комисионирање, контролирање, ко-пакување, испорака, фактурирање, управување со залихите, планирање на работната сила итн.). Оптимизацијата на процесите претставува начин на измена на процесите за подобрување на ефикасноста, а во согласност со планирање на исходот, односно со излезот од процесот. Најчестите цели на оптимизацијата се намалување на трошоците и зголемување на ефикасноста.
Подобрување на перформансите на процесот
Другата предност што потекнува од употребата на РФИД-системот како систем за идентификација и за следливост на производот во дистрибутивните компании, е подобрување на резултатите од процесите.
Ако го набљудуваме процесот на испорака на стока, неговите резултати би биле:
Други предности што можат да се остварат при примена на РФИД-системите се:
Заклучок
Поради прописите на Европската Унија, следливоста стана еден од најзначајните фактори во синџирите за снабдување со прехранбени производи, така што тоа е област во која РФИД-технологијата наоѓа широка примена.
На европскиот пазар РФИД-системот се користи за собирање на податоците и за известување за температурната историја на смрзнатите морски плодови, месото и на овошјето во рамките на логистичкиот синџир (RFID Temperature Monitoring Solution).
Во другите системи усвојувањето на РФИД-системот овозможува подобрување на следливоста, безбедноста и на чувањето на податоците, како што се, на пример, во текстилната и во модната индрустрија, фармацијата, поморската и во авиоиндустријата, а многубројни се и институциите што ја применуваат оваа технологија, како што се универзитетите, библиотеките (на пр. сите јавни библиотеки во Минхен, Ватиканската биоблиотека), музеи ( Музејот на уметноста „Метрополитен", Музејот на Лондон), уметнички галерии („Пинакотека Амбросиана"), болници, затвори итн.
Оваа технологија најде примена и во изработката на биометриските документи и на патничките легитимации. РФИД-технологијата, од основното решение за идентификација на објектите, се развива во систем што денес ни овозможува да ги идентификуваме, лоцираме и да ги контролираме саканите објекти, но со одредени ограничувања. Во иднина од оваа технологија се очекува да стане „поинтелигентна", со комбинирање на сензори и на напредни технологии како виртуелната стварност и информативно-комуникативните технологии за далечинско управување.