
Во рамките на пазарите за стока за широка потрошувачка расте побарувачката за примена на напредните аналитички истражувања што помагаат во разбирањето на силата...
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во рамките на пазарите за стока за широка потрошувачка расте побарувачката за примена на напредните аналитички истражувања што помагаат во разбирањето на силата и олеснувањето при управување со поединечните аспекти на маркетингот – со цена, промоција, асортиман, дистрибуција, со предвидувања за развојот на пазарите.
Автор: Миријана Глишиќ-Гарашанин, извршен акаунт за AAC & RMS, „Нилсен", mirjana.glisicgarasanin@nielsen.com
Наспроти важноста на истражувањето на пазарите како помошна алатка при донесувањето на деловните одлуки, во одредени држави од нашиот регион, сè уште можеме да се сретнеме со размислувањата дека тоа е непотребно и оти самите ги познаваме околните пазари во кои дејствуваме. Меѓутоа, колку навистина ги познаваме нашите купувачи и потрошувачи? Ги познаваме ли нашите деловни конкуренти и нивната умешност да ги задоволат потребите? Преокупирани со сопствените работни процеси и рокови, многу е едноставно да се изгуби чувството за она што се случува околу нас, за она што се случува надвор од нашите канцеларии, нашите компании, надвор од индустриските зони. Едно од решенијата е препуштање на собирањето информации од пазарот на независните извори што за тоа имаат време и знаење.
Цена
Поскапувањето на енергентите и останатите суровини ги зголемуваат трошоците за производство што доведува до пораст на цените на одреден производ. Поскапувањето често резултира со пад на продажбата. Разбирањето на ценовната еластичност на сопствените производи овозможува ублажување, дури и потполно избегнување на загубата на приходите поради падот на продажбата. Ценовната еластичност зборува за процентуалната промена на количествената продажба предизвикана од одредена процентуална промена на цената (на пример, доколку ја зголемиме цената на производот за 1%, а продажбата падне за 2%, велиме дека факторот на еластичност е -2). Од оваа перспектива, препораката е да се зголеми цената на производот со понизок индекс на еластичност, односно на производите чијашто продажба е помалку чувствителна на ценовните промени, и да се почека со покачувањето на цените на оној дел од портфолиото што посилно реагира на промената на цената.
Освен нивото на еластичност, потребно е да се разбере кој е нејзиниот извор – дали е тоа ценовната разлика во однос на конкурентите (ако да, на кои конкуренти), разликата во однос на останатите производи на истиот бренд (на пример, производи во пакување од 21 во однос на помало пакување од истиот бренд) или најсилно влијание има цената на тој производ без оглед на односот со другите производи. Доколку купувачите на вашиот производ ја споредуваат цената со онаа на конкурентите, почекајте вашиот конкурент прв да ја зголеми цената. На тој начин, ценовниот однос останува непроменет и вашето поскапување ќе биде помалку забележано.
Кога станува збор за промотивните цени (на пример, викенд-акција на одреден производ чијашто цена е намалена за 30%), важно е да се знае кој производ подобро реагира на привременото намалување и кое е оптималното намалување – 20 или 30%? Се случува недостигот од ваквите информации да доведе до пропуштен приход.
Прочитајте повеќе во електронското и печатеното издание на InStore број 3