
Без разлика каде живееме и кои сме, нечистотијата е неизбежен дел од животот. Соочени со тоа, сите чистиме и вложуваме голем дел од времето во одржување на домот...
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Без разлика каде живееме и кои сме, нечистотијата е неизбежен дел од животот. Соочени со тоа, сите чистиме и вложуваме голем дел од времето во одржување на домот, како и во чиста и свежа облека.
Извор:www.nielsen.com
Во интернет-анкетата „Global Home-care" на „Нилсен" за чистењето и за одржувањето на домот, како и за навиките за перење, речиси една третина од испитаниците (31 отсто) одговориле дека чистат секој ден, а исто толкав процент (31 отсто) велат дека секојдневно ја перат облеката.
Додека чистењето е вообичаена (и суштинска) практика секаде во светот, една стратегија, која ќе биде соодветна и ќе функционира на глобално ниво – не постои, вели Сара Питерс, бизнис-партнер на „Нилсен глобал". Навиките и приоритетите за чистење на домот, во голема мера варираат во светот. Ако погледнеме под површината на денешните практики, во контекст на големите влијанија врз индустријата на средствата за чистење, ќе сфатиме што сакаат и што им е потребно на потрошувачите, сега и во иднина.
Истражувањето „Global Home-care" беше спроведено од 10 август до 4 септември 2015 година. Во него беа опфатени повеќе од 30.000 интернет-испитаници од 61 земја од регионите: Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Азија - Пацифик, Блиски Исток, односно Африка. Целта е анализа на начините за чистење и за перење, како и анализа на сфаќањата низ целиот свет.
„Нилсен" прашуваше кој чисти, со што чисти и што очекуваат потрошувачите да добијат од средствата за чистење. Предвид беа земени и главните макроекономски влијанија врз индустријата за средства за чистење, а резултатите од истражувањето нудат увид и во начините за приспособување кон промените на потребите и кон желбите на потрошувачите.
Неговата и нејзината домашна работа
Кој чисти повеќе во домот? Веројатно не е за изненадување, но тоа сè уште се претежно жените. Низ целиот свет, 44 отсто од испитаниците велат дека во домаќинствата повеќе чистат жените, a највисок процент се забележува во Европа и во Африка, односно на Средниот Исток (по 49 отсто).
Но, иако мажите го немаат главниот товар, тие сепак „носат" дел од него. На глобално ниво, 28 проценти од испитаниците одговориле дека хигиената во домот е одговорност и за мажот и за жената, а 17 проценти одговориле дека мажите повеќе чистат дома. Во Северна Америка, должностите на мажите за чистење се на високо ниво – речиси една третина од испитаниците (32 отсто) одговориле дека мажот во американското домаќинство чисти речиси двојно повеќе во споредба со глобалниот просек.
Одговорноста за купување средства за чистење во голема мера се рефлектира на тоа кој повеќе чисти. Повеќе од половината од испитаниците (51 отсто) велат дека жените ги купуваат поголемиот дел од средствата за чистење. Речиси една четвртина (23 проценти) велат дека тоа е заедничка одговорност, а 21 отсто велат дека мажот е одговорен за поголемиот дел од набавката. Како што Северна Америка го има највисокиот процент на мажи што најчесто чистат, така таму е и најголемиот процент на испитаници што велат дека мажите купуваат средства за чистење. Една третина од испитаниците во Северна Америка (33 проценти) одговориле дека мажот во домаќинството најчесто е задолжен за купување на овие производи, што претставува 12 процентни поени над глобалниот просек.
Перцепцијата дека грижата за домашната хигиена е работа само на жените, не е точна, вели Питерс. Жената во домаќинството останува клучен чинител во процесот на чистење, но како што сè повеќе мажи играат активна улога во домашната работа, така и во маркетинг-стратегиите треба да се размислува за побалансиран пристап – од иновативни производи до маркетинг-пораки. Ова бара подлабоко разбирање на аспектите од кои секој пол ѝ приоѓа на задачата чистење, како и пронаоѓање на можните пропусти во тековните понуди.
Мажите имаат сè поактивна улога во домаќинството и на тој начин, тие имплицираат силна можност за пораст. Можеби производите со машки мирис или со погруб дизајн на пакувањето се можности за кои вреди да се размислува, но целосното развивање на вистинскиот потенцијал во сегментот ќе се достигне само со суштинско разбирање на тоа што не ги задоволува потребите на овие корисници. Покрај тоа, на пазарот треба да се разбере тоа што го мотивира изборот на брендот. И за мажите, и за жените, изборот на брендот е емоционален и рационален. За да го освои срцето и умот на потрошувачот, брендот треба да го привлече неговото внимание и да го натера корисникот да преземе акција.
Другите заклучоци од истражувањето „Global Home-care" на „Нилсен" се:
| Околу 77 отсто од испитаниците велат дека во изминатите 12 месеци купувале средства за чистење од големите малопродажни синџири, во споредба со 23 проценти кои се снабдувале преку интернет;Стратегиите што трговците ги користат за оваа категорија се различни во различни региони;Ефикасноста е задолжителен атрибут за категоријата средства за чистење. Околу 61 процент од испитаниците велат дека ефикасноста на производот е најважна при нивниот избор, но, сепак, стратегиите за развој на нов производ мора да ги вклучат и атрибутите кои ги имплицираат трендовите природно и еколошко;Две третини од испитаниците, односно 67 проценти, велат дека ја перат облеката најмалку двапати неделно;Од Азиско-пацифичкиот Регион,40 проценти од испитаниците велат дека бараат детергенти за перење што не содржат груби хемикалии, во споредба со 35 проценти на глобално ниво;Се забележува редефинирање на вредностите на пазарот на средствата за перење облека. Најниската цена не е повеќе императив – најполуларни се производите со висока ефикасност. |