
Секоја година нашата опсежна програма за посета на продавниците нè води во малопродажните објекти што претставуваат нови стандарди на глобално ниво...
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Секоја година нашата опсежна програма за посета на продавниците нè води во малопродажните објекти што претставуваат нови стандарди на глобално ниво. Овие продавници ги поставуваат трендовите на нашата малопродажна листа, што се одликува со исклучителност. Претставуваме четири омилени продавници минатата година, дизајнирани да му угодат на секој купувач.
Автор: Ник Мајлс, сениор ритеил аналитичар, ИГД
Иновативен визуелен мерчендајзинг
„Собејс Киченер" (Онтарио, Канада) – Единствената концептуална продавница со бројни иновативни пристапи кон визуелниот мерчендајзинг и кон системот за ознаки, особено во сегментот на свежата храна и услугите на продажниот пулт.
Исклучителност во сегментот свежа храна
„Морисон Сент Албанс" (ВБ) – Еден од неколкуте нови формати на продавници со понуда претежно на свежи производи, со силен сегмент „to go" (за носење) и со рационализација на продажниот простор. Широката имплементација на „фреш"-форматите е во тек.
Прочитајте повеќе во печатеното и електронското издание на InStore бр.5