
Македонците се меѓу последните во фаворизирање на домашните производи. Најмалку се наклонети кон домашните производи, а се меѓу првите кога станува збор за...
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Македонците се меѓу последните во фаворизирање на домашните производи. Најмалку се наклонети кон домашните производи, а се меѓу првите кога станува збор за доверба во квалитетот.
Кој „најдобро" ја поддржува домашната економија утврдено е со истражувањето TGI што го спроведува „Медиана", а е веродостоен начин за мерење на потрошувачките навики. Секако, значаен фактор е и менталитетот на луѓето од регионот, кои се познати по фаворизирање на трговските марки. Поради тоа, сопствениците на брендови повеќе од што било друго мораат да го земат предвид потрошувачкиот стил на луѓето, што е клучен за одредувањето на нивните потрошувачки навики.
Најголем процент од Србите секогаш кога можат купуваат домашни производи. Потоа следуваат Хрватите, а третото место го делат Словенците и Македонците со 14 процентуални бодови пониско фаворизирање на домашните производи во однос на Србите, кои се на прво место.

Извор: Mediana TGI Словенија, Хрватска, Србија, Македонија 2012; N = 15.500.
Прочитајте повеќе во печатеното и електронското издание на InStore бр.9