
Начините на кои IoT (Internet of Things, интернет на нештата) ќе го револуционизира бизнисот, односно поконкретно, синџирите за достава – се многубројни...
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Автор: Крис Ајриш, менаџер за анализа на синџири за достава, ИГД
Неодамнешниот извештај на ИГД анализира како IoT создава врски, ги нарушува догмите и како повторно осмислува вредносни хипотези за начинот на понатамошно одвивање на работите. Во извештајот, поддржан со меѓународна анкета и од експерти (од различни компании – од големите мултинационални, до стартап-компании), е направена листа од девет точки, со кои се прогнозира еволуцијата и влијанието на IoT врз синџирите за достава.
Потребно е да се погледнат само неколку статии и ќе се препознаат бројни гледишта за тоа како IoT ќе се развива. На пример, проекциите за бројот на поврзани уреди варираат од 28 милијарди до 2021 година, до 100 милијарди до 2025 година*, со безброј проценки меѓу нив. Јасно е дека сите проекции не се прецизни.
Резултатите од истражувањето на ИГД откриваат дека патот до тие милијарди поврзани уреди е многу долг. Вистина е дека 37% од прехранбените компаниите тестираат или веќе успешно развиваат IoT-производи и услуги, а уште 58% планираат да ја зголемат употребата на технолошки провајдери, кои ќе им помогнат да ги искористат можностите на IoT. Наместо да го прогнозира бројот на IoT-уредите, истражувањето на ИГД се фокусира на разбирањето на факторите што понатаму ќе влијаат на развојот на IoT. Тоа значи движење подалеку од возбудата и од бучавата на секојдневната реалност, за да се разбере како IoT ќе се вгради во нашите животи. Вредноста што IoT може да ја донесе, а е суштински поврзана со обемот, односно потенцијалот за трансформација неизбежно се зголемува колку повеќе го прифаќаме. Но, за да го сториме тоа, мора да ја видиме вредноста.
Прогнозите на ИГД се организирани според тоа на кого се однесуваат, како и според нивната улога во поголемата слика за развој на IoT. Практично, тоа значи создавање матрица, која се базира на консументот и на синџирот за достава, но и на поширокото влијание на бизнисот, т.е. дали хипотезата е зависна или служи за создавање врски, дали ги нарушува постојните начини на работа или им помага на бизнисите да најдат нови, иновативни начини за извршување на работите.
Со употреба на сензори на производите,
компаниите ќе можат да добиваат повратни информации
од потрошувачите во живо.
Деветте прогнози се:
Истражувањето на ИГД е дополнето со извештај, кој истражува студии на случаи и врз основа на резултатите, предлага соодветни примени. Генерално, тие може да се категоризираат на начини, од кои синџирот за достава може да има корист од развојот на IoT:
Околу 37% од прехранбените компаниите
тестираат или веќе успешно развиваат IoT-производи и услуги,
а уште 58% планираат да ја зголемат употребата на технолошки провајдери,
кои ќе им помогнат да ги искористат можностите на IoT.
Примерите вклучуваат уред, развиен од Швајцарската федерална лабораторија за наука и технологија на материјали (EMPA), кој изгледа како парче овошје и делува како парче овошје, но всушност е шпион*** што ја мери температурата во товарните контејнери. Иако и досега беше вообичаено товарните контејнери што превезуваат производи да ја мерат температурата на воздухот, тука станува збор за температурата на срцевината, односно на јадрото на секој поединечен плод и способноста таа да се одржи, што е од клучно значење за одржувањето на квалитетот. Ненаметливото „сензорско овошје" го симулира составот на овошјето и собира податоци за температурата за време на транспортот. Уредот сè уште не е способен безжично да пренесува податоци, но тоа би бил следниот логичен чекор.
Постојат многубројни придобивки од користењето на тој уред. Малопродажните трговци и потрошувачите ќе имаат корист од свежината на производите, детални информации за транспортот, а ќе се намали и расипувањето. Постојат и други придобивки, со кои станува очигледна вредноста што ја нуди IoT. Всушност, решението е развиено првенствено за сигурност, односно да им овозможи на купувачите да разберат каде се појавил проблемот при транспортот на производот. Од друга страна, компаниите може да ги искористат добиените податоци за понатамошното работење, да донесат одлуки за идни соработки со трговските партнери...
Истражувањето на ИГД потврдува дека во малопродажба се појавува нова епоха – дигитална, поврзана и персонализирана, обликувана од технологијата и од потрошувачот. IoT му помага на синџирот за достава на храна тоа да го оживее и да има прецизен увид на ниво на консумент и производ, овозможувајќи ефикасни решенија што се соодветни на потребите и создаваат вредност низ целиот синџир.
*Global Connectivity Index 2016, „Хуавеј"
**Mobility Report 2016, „Ериксон"
***www.empa.ch/web/empa/sensing-fruit